Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Оваа недела ВМРО-ДПМНЕ носи одлука дали се враќа во Собрание

4
By Соња Петрушевска on March 27, 2018 ПОЛИТИКА
Фото. РСЕ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Партискиот врв на ВМРО ДПМНЕ заедно со пратеничката група  до крајот на оваа недела ќе одлучат дали пратениците на опозицијата ќе се вратат во Собранието, по одлуката на Врховниот суд со која повеќе ниту еден пратеник не е во  затворски притвор, велат од ВМРО ДПМНЕ за НОВА.

Врховниот суд вчера ја прифати жалбата на пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василевски и  им го замени затворскиот притвор со куќен. Исто така Врховниот суд ја прифати и жалбата на пратениците Љупчо Димовски и Јохан Тарчуловски кои беа во домашен притвор. Притворот им е укинат и за нив се определени мерки на претпазливост – тие треба еднаш неделно да се јавуваат во Основниот суд.

Со ваквата одлука на судот, пратениците Димовски и Тарчуловски ќе можат да се вратат во Собранието, доколку партијата одлучи да учествува во работата на законодавниот дом.

Во пратеничките клупи се враќа и Жаклина Пешевска. Обвинителството денеска соопшти дека за Пешевска постапката за настаните од 27 ми април е запрена, бидејќи не се обезбедени докази дека сторила кривично дело.

Во куќен притвор е и пратеникот Љубен Арнаудов – тој не поднесе жалба до Врховниот суд за укинување на притворот.

Со ова, велат во ВМРО ДПМНЕ, делумно се исполнува првиот услов за враќање во Собранието.  Главните аргументи на ВМРО ДПМНЕ за неучеството во Собранието досега  беа дека 12 проценти од нивната пратеничка група се во притвор  и не можат комплетно да функционираат  во Собранието.

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски по средбата со премиерот Заев на почетокот на месецов, рече дека има чувство дека математичките и политичките проблеми ќе бидат надминати.

,,Во моментов, ВМРО ДПМНЕ останува на своите позиции, прашањето е од математичка и политичка природа и ние не можеме да бидеме комплетно активни во Собранието. Се надевам и имам чувство дека многу брзо математичките и политичките проблеми ќе бидат надминати и ВМРО ДПМНЕ ќе може да се врати во Собранието и да биде целосно псоветена на работата во парламентот, рече Мицкоски по средбата со премиерот Заев на почетокот на март.

Другиот услов, велат во ВМРО ДПМНЕ,  е политичкиот- односно да се создададе демократски амбиент што ќе значи и вклученост на опозицијата во изготвувањето на  реформските закони. Според информации на НОВА, разговорите меѓу претставници на СДСМ и на ВМРО ДПМНЕ се уште не се завршени, но има усогласувања за дел од сетот закони за кои се дебатира како што се: Законот за прислушување и ОТА- Оперативната техничка агенција, Законот за политички партии, Законот за заштита на сведоци.

Во овој пакет на договарања е и новиот состав на Државната изборна комисија. Заев веќе најави дека власта го прифатила предлогот на  ВМРО ДПМНЕ, новиот претседател на Изборната комисија да биде на предлог на опозицијата.

Дел од пратениците на ВМРО ДПМНЕ денеска учествуваа во Собранието на јавната расправа за Предлог – измените на Законот за аудио и визуелни медиумски услуги, но како што рече пратеникот Зоран Илиоски ова не значи нивно враќање во парламентот.

ВМРО ДПМНЕ  ја напушти работата на Собранието на почетокот на декември, кога беа приведени шест нивни пратеници за насилствата од 27 април. Тие влегоа во собраниската сала на третото читање на Законот за јазици.

ВМРО-ДПМНЕ имунитет пратеници притвор СДСМ Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.