Индиска брачна двојка доби близнаци за чии имиња најдоа инспирација од глобалната пандемија што го тресе светот – машкото доби име Ковид, а женското Корона.

„Благословена сум со близначиња, момче и девојче, на 27 март рано наутро. Засега ги нарековме Ковид и Корона. Се породив во тешки околности, па заедно со сопругот решивме тој ден да биде запаметен. Кога и медицинскиот персонал почна така ги нарекува, решивме да ги нарекуваме и ние по пандемијата“, изјави 27 годишната мајка за индиската новинска агенција ПТИ, но притоа не исклучи можност имињата подоцна да бидат сменети.

Индија е една од државите што се тешко погодени со коронавирусот. Целата земја со денови е во целосна блокада со над 3.000 регистрирани лица заболени со ковид-19 од кои 213 излекувани и 75 со фатален крај.