Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Параноја за лажни бегалски кампови поддржана од ВМРО-ДПМНЕ

2
By Нова ТВ on August 23, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кој стои зад иницијативите против бегалски кампови кои нема да се градат? НОВАТВ разговараше со организаторите и со лицата кои собираа потписи – идентификувавме вработени во општина Аеродром и членови на ВМРО-ДПМНЕ


„Утре од 11 до 19 часот пред Т.Ц. Бисер да се потпишеме за петицијата против камповите за мигранти во општина Аеродром. ОК Аеродром (општински комитет Аеродром) и нашиот МК (Месен комитет). Се чекаме во 11 пред Бисер. Ве молам за масовност. Позз“

Оваа порака синоќа била испраќана до членови на ВМРО-ДПМНЕ од општина Аеродром, за да дојдат да се потпишат против наводната изградба на кампови за мигранти. Точно во 11 часот пред ТЦ Бисер се постави пулт зад кој седеа неколку лица кои ги собираа потписите, а веќе се создаде и редица од граѓани кои дојдоа да го стават својот потпис на петицијата.

Потписите се собираат во име на граѓанската иницијатива „Будење“ и беа испишани пароли „НЕ за мигрантите во Аеродром“. Вавки активности има и во други општини, а министерката за труд и социјална политика објаснува дека такво нешто ниту е планирано ниту вклучено во било какви закони на оваа земја.

Девојка, која се претстави како еден од организаторите на настанот за собирање на потписи, Марија Николовска, кога ја виде камерата се обрати со зборовите: „Јас чекав, ми рекоа ќе ми пријде некој“.

Во изјава за медиумите, Николовска рече дека денеска се собираат потписи од граѓани против изградбата на кампови за мигранти, а од Советот на општина Аеродром ќе побараат да се распише референдум за ова прашање.

„Да ја спречиме одлуката на Владата на СДСМ за населување на мигранти. Тоа ке значи намалување на платите и ефтина работна сила, губење на работни места и нови отпуштања. Помалку пари за пензии и социјална помош, зголемување на криминалот и небезбедни градови. Затоа ќе иницираме до Советот на општината распишување на референдум по однос на ова прашање. Нашата граѓанска Иницијативата е чисто граѓанска“, рече Николовска.

На прашањето на новинарката Цветковска, дали е член на ВМРО-ДПМНЕ, таа одговори дека не е член на партијата.

Цветковска: „Каде работите“

Николовска: „Во општина Аеродром“

Цветковска: „На која позиција“

Николовска:„Не сакам да дискутирам на таа тема“.

Од општина Аеродром тврдат дека Марија Николовска не е вработена или ангажирана во општината.

„Општината не стои зад инцидентот и собирањето на потписи. Девојката што се претставува дека е вработена во општината, не е на ниту еден начин ангажирана, ниту пак вработена кај нас“, велат од општината за НОВА ТВ.

Го побаравме и градоначалникот, Ивица Коневски, но тој не одговараше на нашите повици. Испративме и прашања до ВМРО-ДПМНЕ за став на партијата за петицијата и евентуална осуда за нападот на новинарската екипа, но досега оттаму не добивме одговор.

Марија Николовска, според информациите на НОВА ТВ е член на УМС Аеродром, а на нејзиниот Фејсбук профил може да си видат и фотографии со членови на високи позиции во партијата. Го проверивме и бројот од каде се испраќани покани за денешниот настан пред Т.Ц. Бисер, но информациите за сопственикот се заштитени во телефонскиот именик на Телеком, а женското лице кое се јави на бројот тврди дека не е од ВМРО-ДПМНЕ.

Организатори: Му веруваме на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе има кампови

НОВАТВ разговараше и со лицата кои ги собираа потписите. Првично, новинарката Сашка Цветковска беше заингигрирана со кои цели се собираат лични податоци како матичен број и други податоци од личните карти на граѓаните дојдени да се потпиша. Едно од тие лица, 19 годишната Јована Ацеска ни рече дека не знае за што им требаат матичните броеви. Таа кажа дека „им верува само на луѓето кои си го кажуваат зборот“, а тоа било ВМРО-ДПМНЕ. Во камера потврди дека е партиски член на сега опозоциската ВМРО-ДПМНЕ.

По оваа изјава, екипата на НОВА ТВ продолжи да го снима собирањето на потписите, по што беше нападната од страна на засега непознато лице кое не дозволуваше да го снимаме додека се потпишуваа граѓаните на петицијата.

Случајот е пријавен во полиција, која трага по напаѓачот. Во МВР е предадена и снимката од мобилниот телефон на новинарката Цветковска и снимката од камерата на снимателот, Трајче Антоновски.

 

 

 

ВМРО-ДПМНЕ Мигранти напад новинари општина Аеродром потписи Сашка Цветковска. НОВА ТВ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.