Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Париз најавува Резолуција за Македонија слична на онаа од германскиот Бундестаг

0
By Gabi Tocko on June 24, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, June 24, 2023 14:58

Претседателот рече дека сега прашањето на проширувањето не е „кога“, зашто колку побрзо, толку подобро, а тоа го кажал повеќе пати. Прашањето е поврзано со безбедноста, со одредени предизвици за развојот на ЕУ. Но, претседателот кажа дека има само едно, единствено прашање – „како“, под кои услови тоа проширување да се случи колку што е можно побрзо, како тоа да го постигнеме, изјави францускиот амбасадор во Македонија, Сирил Бомбгартнер, во интервју за „360 степени”.

Тој даде одговор на дилемите во некои кругови во земјава кои велат – што и ако се направат уставните измени ако имаме нефункционален процес на проширување на ЕУ, при што најчесто се посочува на Франција како земја која не е расположена за прием на нови членки.

Објаснувајќи го прашањето „како”, францускиот амбасадор процесот го дели на два дела – првиот, преговори за членство до потполна интеграција и вториот, што се случуваат од моментот на европска интеграција.

За првиот дел, за време на преговорите за членство, ги имате принципите што фигурираат во новата методологија за проширување. Тоа значи дека Северна Македонија и сите земји кандидатки кои го почнале преговарачкиот процес треба да спроведат реформи, а тие реформи треба да бидат длабоки, суштински, за да можат да ги дадат резултатите. Потоа, ја имаме и таа градуелна интеграција – тоа значи дека државите кои напредуваат во спроведувањето на реформите ќе треба да имаат навистина предвремени бенефити пред да станат полноправни членки – повеќе финансии, учество во различни програми, во политики, во работни групи во Брисел, итн. Треба да се објаснат начините за тоа. Тоа е првиот дел. За вториот дел би кажал дека по интеграцијата во ЕУ прашањето не се однесува за земјите кандидатки, туку за државите членки и за државните институции, а тоа е да знаеме како во една проширена Европа ќе направиме Европа да функционира на ефикасен начин и да биде способна да се соочи со утрешните светски предизвици. Има голем број одговори, но едно од прашањата на кое работи една група, формирана меѓу Франција и Германија, е прашањето за напуштање на правото на вето, повеќе да не се одлучува едногласно или да се намалат прашањата за кои ќе се одлучува едногласно, вели амбасадорот Бомбгартнер.

Од друга страна, Лилијана Танги, пратеничка во француското Национално собрание од партијата на Макрон најави дека францускиот Парламент би можел да донесе резолуција за македонскиот јазик слична на онаа во германскиот Бундестаг.

ЕУ Македонија проширување резолуција Франција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.