Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Персонал на СЗО обвинет за сексуално насилство во Конго за време на борбата против ебола

0
By НОВА ТВ Balaban on September 28, 2021 СВЕТ
Фото: statnews.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, September 28, 2021 19:21

Комисијата утврдила дека „распространетоста на случаите на сексуална злоупотреба и експлоатација за време на борбата против десеттиот бран на ебола, што ја зголемила ранливоста на ’наводните жртви’, кои не ја добиле потребната помош што е потребна со такво понижувачко искуство“.

Светската здравствена организација (СЗО) е цел на сериозни обвинувања за сексуално насилство од страна на нејзините вработени врз десетици жени во Демократска Република Конго, а комисијата која го истражува случајот ги осуди „структурните пропусти“ и „индивидуалната негрижа“ на организацијата.

Сексуалната злоупотреба била извршена од членови на персоналот, домашни соработници, како и меѓународни членови на тимови задолжени за справување со епидемијата на ебола што ја зафати ДРК меѓу 2018 и 2020 година, наведуваат истражителите, кои испрашувале десетици жени на кои им била нудена работа во замена за сексуален однос или, пак, биле жртви на силување.

Во воведот на извештајот на независната истражна комисија – формирана во октомври 2020 година од страна на генералниот директор на СЗО, Тедрос Адхан Гебрејсус, се дава мрачна слика за ситуацијата на теренот.

Комисијата утврдила дека „распространетоста на случаите на сексуална злоупотреба и експлоатација за време на борбата против десеттиот бран на ебола,  што ја зголемила ранливоста на ’наводните жртви’, кои не ја добиле потребната помош што е потребна со такво понижувачко искуство“.

– Првото нешто што сакам да им го кажам на жртвите и преживеаните е дека ми е жал. Жал ми е за сето она што го претрпевте од луѓе кои беа вработени во СЗО и кои требаше да бидат на ваша услуга и да ве заштитат, рече Тедрос на прес конференцијата на која ги соопшти заклучоците на истражната комиисја и од која најави остри казни за одговорните.

„Ова е тежок ден за СЗО“, призна генералниот директор, кој се кандидираше за втор мандат на чело на организацијата, што минатата недела беше поздравено од повеќето земји на ЕУ.

Комисијата идентификувала 83 наводни сторители, од кои 21 биле вработени во СЗО.

 

Конго обвинет персонал сексуално насилство СЗО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.