НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Петровска: Партиите да истапат со програми и да не се служат со црна кампања

0
By Нова ТВ on February 13, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пред месец дена кога се формираше техничката Влада бев голем оптимист дека Министерството за внатрешни работи (МВР), без оглед на внатрешните промени, ќе обезбеди услови за спроведување фер и демократски избори. Месец дена подоцна не сум песимист, но не сум толку убедена. Тоа не значи дека нема да има фер избори, но изминативе месец дена по тоа што и јавноста имаше можност да види што се случува во МВР се случуваат потези што во јавноста не оставаат впечаток дека се подготвуваме за фер и демократски избори. Ова го посочи дополнителната заменик-министерката за внатрешни работи во преодната Влада, Славјанка Петровска на денешната панел-дискусија насловена „Слободни избори наспроти црна пропаганда“ во организација на ЦИВИЛ.

МВР, како што потенцира Петровска, е еден од најчувствителните органи во државата во кој, според неа, не смее и не е дозволена дневна политика.

„Треба да испратиме порака дека МВР професионално ќе ги организира и ќе ги спроведе изборите во своја надлежност. Оние стари манири на мешање на партиите во работата на Министерството треба да ги заборавиме. Голем недостаток во оваа борба со хибридната војна е недостатокот на темелна регулација на законодавството, но во рамки на инструментите што ни стојат на располагање како институција, мора да покажеме малку поголема проактивност“, вели Петровска.

Таа се надева дека во периодот што претстои, политичките партии ќе истапат со политички програми и ќе дискутираат за тоа што се нивни цели за иднина, а оти ширењето лажни вести ќе го остават на стенд-бај и нема да се служат со таа, како што вели, црна кампања.

Бачовска: Мора да имаме медиуми со висок интегритет

Професорката Јасна Бачовска, која беше учесник во дебатата, рече дека ова ќе бидат тешки избори заради, како што додаде, континуираното сложена политичка ситуација.

„Проблемот е голем и глобален. Лажните вести, разните спинови, пропагандата се глобален проблем. Дали забележувате дека за лажни вести повеќе се зборува кога станува збор за Америка и тој тип на американски медиумски систем што го имитираат и други земји во светот, но кога зборуваме за ваков тип на манипулации, лажни вести многу помалку се спомнуваат во европските земји, како Франција, Германија, итн. Секаде ги има, но не прават толкави проблеми како во американскиот тип на медиумски систем за кој за жал и една малечка земја на Балканот личи на тој систем, бидејќи нашиот медиумски систем го искомерцијализиравме и немаме медиумски систем од типот на европските медиумски системи. Многу пати се повторувам, но тука го гледам решението“, потенцира Бачовска.

Според неа, во нашата земја нема медиуми со интегритет.

„Мора да имаме медиуми со висок интегритет, затоа што во Франција може да слушнете било каква вест, лажна вест на портали, но на крај ќе отворите „Гардијан“ кој има уредник, физичка адреса и потпис под текстот на новинарот кој носи јавна одговорност за информацијата“, смета Бачовска.

Таа вели дека во земјава не се покажало политичка волја да се зајакне јавниот сервис и оти ние немаме квалитет на медиуми. Проблемот го гледа во структурата на програмата, односно, како што вели таа, нема емисии за евроинтеграции, за владеење на право, за култура, едукативни содржини.

Забрчанец: Медиумска писменост како содржина во образовниот систем 

Националниот координатор за стратегиски комуникации во Владата, Марјан Забрчанец вели дека во моментот во македонското општество постои амбиент за општествен бунт против дезинформациите.

„Во Северна Македонија не се шепоти повеќе. Секој може да зборува слободно и гласно, да ја критикува власта што е нормално, но да ги критикува и сите оние без разлика од која политичка страна доаѓаат, да ги критикува и сите оние што ќе се дрзнат да шират дезинформации“, вели тој.

Забрчанец информира дека Владата работи на креирање на посебна стратегија за воведување медиумска писменост во општеството и оти се разгледуваат модели од западните земји.

„Ќе ги слушаме експертите на таа тема и целта ни е до крајот на 2020 година да се изнајде решението, а веќе од наредната година да почне да се појавува медиумската писменост како содржина во образовниот систем што е мерка најмалку на среден, ако не и на долг рок. Воведувањето медиумска писменост е влог во идните генерации“, рече Забрчанец.

избори Јасна Бачовска Марјан Забрчанец МВР медиуми панел Славјанка Петровска Цивил
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од скоро 700 милиони долари

August 24, 2025

Трета недела по ред доларот лизга удолу

August 24, 2025
ФОКУС

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

ВЕСТИ August 24, 2025

На 24 август Украина го одбележува најголемиот државен празник – Денот на Независноста. Денот е…

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.