Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пленарна седница на Собранието: Денеска се гласа за (не)доверба на Владата

0
By Sashko on November 11, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 11, 2021 07:37

За денеска во 11 часот е најавен почетокот на собраниската седница на која најдоцна пред полноќ треба да се гласа (не)доверба на Владата на премиерот Зоран Заев. И покрај најавите за мнозинство и од власта и од опозицијата, неизвесно е како ќе мине гласањето. Иницијативата за гласање доверба на Владата со 61 потпис ја поднесоа опозициските ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Алијанса за Албанците и Алтернатива, Левица и Беса, која беше во коалиција со СДСМ. По реакција на пратеникот Скендер Реџепи Зејд од Алтернатива, својот потпис од иницијативата вчера го повлекоа претседателот на Левица, Димитар Апасиев, но и 16 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.

За Собранието да ја изгласа одлуката за недоверба на Владата потребно е мнозинство гласови од вкупниот број на пратеници. Ако биде изгласана недоверба, Владата, според Уставот, е должна да поднесе оставка, но ќе остане да функционира до изборот на нова Влада.

На седницата, како што е предвидено во Деловникот за работа на Собранието, по поставеното прашање за доверба на Владата се води претрес. Право да го образложи прашањето за доверба на Владата има еден од пратениците кои го поставиле прашањето во траење од најмногу 30 минути. Редоследот на пратениците по пратенички групи и пратеници кои не се организирани во пратеничка група, а кои ќе учествуваат во претресот се определува во договор на претседателот на Собранието со координаторите на пратеничките групи пред почетокот на седницата. Пратеникот во текот на претресот може да говори повеќе пати во траење од вкупно 15 минути, а координатор на пратеничка група вкупно 20 минути.

Ако на Владата и биде изгласана недоверба, претседателот на Владата до Собранието поднесува оставка во рок од 24 часа од изгласувањето на недовербата, се вeли во член 218 од Деловникот. За изгласаната недоверба на Владата и за поднесената оставка, претседателот на Собранието веднаш го известува претседателот на Републиката.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери вчера не излезе со свој став или толкување во врска со повлекувањето на 17 потписи од Иницијативата, како и дали тоа ќе се одрази на собраниската седница. Претходно во телевизиско интервју тој потенцира дека процедурите се јасни.

Има седница закажана во четврток. Седницата мора да има епилог. Епилогот може да биде – се гласа недоверба и паѓа Владата или не се гласа недоверба и не паѓа Владата. После тоа, наредните 90 дена не може да има повторно гласање за недоверба. Затоа е даден рок од 90 дена, рече Џафери.

Според Џафери, премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев направил добро што не се повлекол од функциите. Заев најави оставка на функциите премиер и претседател на СДСМ на 31 октомври по лошите резултати на локалните избори.

Не треба да се води од моментни емоции. Треба да се координира и да продолжи да ги води институциите. Не треба да носи емотивни одлуки, има одговорност да ја води Владата. Институциите треба да функционираат нормално. Ова е враќање назад. Правиме еден чекор напред, два назад, рече Џафери.

Претседателот на државата Стево Пендаровски, пак, синоќа во интервју за ТВ 21 рече дека нему му е важно мнозинство да се добие по демократски пат и дека само така ќе се има легитимитет и внатре и надвор.

Она што како претседател ми е важно и важно е за меѓународната заедница е следното – оној кој ќе добие 61 глас во демократска процедура, тој ќе биде потполно релевантен соговорник и внатре и надвор. Мене ми е најважно да се случи 61 глас во демократска процедура како што е пропишано во Устав и Закон, рече Пендаровски.

Тој смета дека државата е во политичка криза и дека ако нема јасно мнозинство ќе биде уште полошо. Според него, во тој случај можеме да влеземе во т.н. „бугарско сценарио“. Пендаровски смета и дека оваа политичка криза е предизвикана од потегот на премиерот со најавата на неговата оставка. Загубата на Град Скопје на локалните избори, според него, не смеело да биде повод за Заев да се повлече од политиката. Оставката на Заев била, рече Пендаровски, била големо изненадување и за меѓународната заедница.

Премиерот Заев своите оставки од функциите ги најави по поразот на локалните избори, но формално тие не беа поднесени од него ниту до партијата ниту до Собранието. Опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ бараше од Заев до понеделникот до 14:30 часот да поднесе оставка во Собранието, но откако тоа не се случи тие заедно со АА и Алтернатива, Беса и Левица ја поднесоа иницијативата за гласање доверба на Владата.

Во образложението на Иницијативата, меѓу другото, се наведува дека „Владата предводена од СДСМ и ДУИ не донесе значајни резултати во претходните пет години, туку напротив владее со измами и пазарења на сметка на најважните прашања на народот. Наместо да го сочува достоинството на државата и нејзините граѓани, тие за секој одминат ден сè повеќе го потонуваат народот во сиромаштија, непрекинат раст на инфлацијата и афери кои се мултиплицираат на дневна основа. Владата предводена од Зоран Заев ги изневери граѓаните што се виде на локалните избори кои всушност беа референдумско изјаснување против сегашната влада и нејзините политики“.

Според предлагачите на Иницијативата, останувањето на оваа влада без кредибилитет и јасна мнозинска поддршка од народот и без план за решавање на напластените проблеми, ќе значи само продолжување и продлабочување на политичката криза надополнета со економска криза, енергетски шок и ковид тенденции кои се загрижувачки.

Извршниот и Централниот одбор на СДСМ во вторникот вечерта едногласно донесоа одлука премиерот и лидер на партијата Зоран Заев да ги одложи оставките сè додека не се нормализираат процесите во државата.

Премиерот Заев изјави дека на седниците на Извршниот и Централниот одбор на партијата не се дискутирало ниту се одлучувало за неговите оставки на челните позиции во партијата и Владата, додавајќи дека останува „да помогне за да се стабилизира парламентарното мнозинство и по можност да се зголеми“.

Очекувам демократското мнозинство да се стабилизира, особено она мнозинство кое е за ЕУ, за мултиетничко општество. Деновите се пред нас, секако тоа ќе го дознаеме сите, рече Заев по седниците на највисоките органи на СДСМ.

Заев и синоќа имал средби со коалициските партнери. Лидерот на ДПА, Мендух Тачи по средбата со него изјави дека парламентарното мнозинство е стабилно и оти очекува Владата и премиерот Зоран Заев да продолжат да функционираат.

Добра вест, премиерот ќе продолжи, мнозинството е стабилно. Го овластивме премиерот нормално ќе разговара и со други политички групации или пратеници да имаме уште поголемо мнозинство, конечно најдобрата вест е дека оваа Влада, ова мнозинство продолжува и на 15 декември се надевам дека 99,9 отсто дека ние ќе добиеме датум, рече Тачи во изјава за ТВ 24, по, како што информира, состанокот во Владата со коалициските партнери.

Прашан дали на состанокот имало и претстваници на Беса, Тачи одговори потврдно. Сепак, по изјавата на Тачи, од Беса демантираа дека нивни претставници присуствувале на средбата.

Карактеристично за денешната собраниска седница за гласање доверба на Владата е и тоа што, според довчерашните најави, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски и пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Ангелика Петкова, кои се во изолација, на седницата ќе присуствуваат во скафандери, бидејќи се позитивни на ковид-19.

Седниците не се одржуваат во пленарната сала поради надградба на системот за гласање туку во салата со Купола каде што има можност пратеници болни од ковид-19 да бидат изолирани и да гласаат. Ова ќе биде втор пат вака пратеници да гласаат во Собранието.

(Не)доверба Влада гласање Македонија седница Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 16, 2026

И Виница во протестниот марш на кочанските родители за правда за ужасот во „Пулс“

ВЕСТИ May 16, 2026

Денеска попладне и Виница ќе се придружи на „Маршот на ангелите“ кој е посветен на…

СДСМ: Нов скандал – нова бомба: 93 тендери вредни 18 милиони евра за Мастеф, омилената фирма на власта

May 16, 2026

Дописничката од Белата куќа Емили Гудин: Сѐ што добивме од Кина заврши во ѓубре уште пред да се качиме во претседателскиот авион

May 15, 2026

Најмалку седуммина загинати, 44 повредени и 20 исчезнати во масовниот руски напад — во Кијив утре е Ден на жалост

May 14, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.