Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ПМФЛ, 9 коло: Вардар сигурен во Кратово, пресврт на Шкендија во Битола

0
By Нова ТВ on October 2, 2016 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, October 2, 2016 18:05

„Црвено-црните“ се лидери на табелата со 21 бод, четири повеќе од Шкендија која има и меч помалку. Триумф на гости и на Шкупи, бод дома понесоа Победа по дуелот со Ренова и Брегалница против Работнички Вардар и Шкендија останаа на исто бодовно растојание на врвот на табелата во првата македонска фудбалска лига по мечевите од деветтото коло.

И шампионот и вицешампионот забележаа гостински победи попладнево, а она што е карактеристично за петте меча викендот е постот на домашните екипи. Ниту една не успеа да слави пред своите гледачи. „Црвено-црните“ од Скопје славеа против Силекс во Кратово со 3:1. Спировски во 7 минута, Фелипе во 43 од пенал и Којашевиќ беа стрелци за составот на Гоце Седлоски, Ацески во 76 минута го постигна почесниот за кратовци.

Тетовци триумфираа во Битола против Пелистер со 2:1 и тоа со пресврт во финишот на натпреварот. Лукас Кардозо обезбеди предност за домашните во 32 минута, Шкендија во само две минути постигна два гола (Хасани во 83 минута и Жуниор во 84 минута) и избегна пораз „Под Тумбе кафе“. Три бода на гости освои и Шкупи. Чаирчани ја победија Македонија во Ѓорче Петров со 1:0. Единствениот гол на средбата беше дело на Траоре во 43 минута.

Победник немаше ниту во Тетово каде Ренова и Победа одиграа 1:1. Прилепчани поведоа со автоголот на Муслиу во 29 минута, во 46 минута реализира Абдула за 1:1, резултат што не се смени до крајот.

Со идентичен резултат заврши и дуелот меѓу Работнички и Брегалница вчера попладне. Водство за штипјани донесе Горан Здравков во 63 минута што го анулира Силјановски во втората минута од судиското продолжение.

ПМФЛ, 9. Коло Резултати: Силекс – Вардар 1:3, Пелистер – Шкендија 1:2, Ренова – Победа 1:1, Македонија Ѓ.П. – Шкупи 0:1, Работнички – Брегалница 1:1. Табела: Вардар 21, Шкендија 17 (-1 меч), Работнички 13, Пелистер 12, Реенова 12, Силекс 10, Шкупи 9 (-1), Победа 9, Брегалница 7, Македонија Ѓ.П. 6. Идно коло (16.10.2016 година, 14:30 часот): Шкупи – Вардар, Силекс – Шкендија, Пелистер – Победа, Ренова – Брегалница, Работнички – Македонија Ѓ.П.

Вардар Пелистер Прва македонска фудбалска лига фудбал Шкендија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.