Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ПМФЛ: Шкендија ја завери титулата, Победа со полна мрежа од Тетово кон втора лига

0
By Нова ТВ on May 4, 2019 СПОРТ
Фото: fkrabotnicki.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Шкендија и дефитивно стави печат на нова титула во домашното фудбалско првенство. Тетовци го совладаа Работнички со 1:0 додека Вардар во истовреме ремизира против Шкупи (2:2) за математички крај на трката за шампионскиот трон на четири кола до крај на сезоната.

Стрелец на единствениот гол за тетовските „црвено-црни“ на арената „Тоше Проески“ беше Енур Тотре во 90. минута.

Иако вардаровите надежи за титулата досега беа сведени само на теорија, попладнево на Чаир и како такви паднаа во вода. Сержињо во 32. минута и Муарем Бајрами во 85. минута погодија за домашните, Жунињо во 43. минута и Дарко Мицевски во 88. минута реализираа за „црвено-црните“.

Ако Шкендија е старо-нов македонски фудбалски првак, Победа по ова коло се промовира во старо-нов македонски фудбалски второлигаш. Прилепчани се селат во понизок ранг со полна мрежа на голови по денешното гостување во Тетово. Ренова ги декласира со 9:1 пришто Влатко Стојановски постигна четири гола за „гипсарите“, по два во секое полувреме.

Играчот од средниот ред на Ренова ја тресеше противничката мрежа во 22. минута, во 35. минута, во 64. минута и во 90. минута, двоен стрелец беше Емран Рамадани (38 минута, 51 минута), по еден дадоа Бојан Миовски во 9. минута, Бурхан Мустафов во 45. минута и Мети Усеини во 84. минута. Почесниот за фенерџијата беше дело на Александар Ристевски во 24. минута.

Силекс со 3:0 ја порази Академија Пандев додека Беласица со 3:1 освои нови три важни бода во борбата за опстанок во Прва лига.

Прва лига, 32 коло

Работнички – Шкендија 0:1

Шкупи – Вардар 2:2

Силекс – Академија Пандев 3:0

Ренова – Победа 9:1

Беласица – Македонија Ѓ.П. 3:1

Табела: Шкендија 72, Вардар 59, Академија Пандев 53, Шкупи 43, Ренова 42, Работнички 39, Македонија Ѓ.П. 38, Силекс 37, Беласица 34, Победа 23.

Идно коло: Шкендија – Силекс, Вардар – Работнички, Академија Пандев – Победа, Беласица – Ренова, Македонија Ѓ.П. – Шкупи.

Вардар Победа Прва лига фудбал Шкендија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.