Шпанија, Франција и Србија со максимален ефект ја завршија групната фаза на Европското првенство во кошарка во женска конкуренција и заедно со Унгарија обезбедија директен пласман во четврт-финале на турнирот.
Шпанските кошаркарки го освоија првото место во групата. По победите над Украина и на Велика Британија, во последното трето коло ја совладаа и Летонија со 59:56.
Французинките, пак, ја потврдија фаворитската улога во групата Б, но и лидерската позиција на табелата по денешниот триумф на Шведска со 71:65.
Унгарија се задржа на врвот на табелата во групата Ц и покрај поразот за пола кош од Турција (58:59) во третото коло, а Србија ја прослави и третата победа во групата Д во Зрењанин, овојпат над Белгија со 70:66.
Покрај директните четрвтфиналисти на ЕП 2019, познати се и осминафиналните двојки на шампионатот што заеднички го организираат Србија и Летонија. За место во топ 8 ќе разигруваат Италија – Русија, Шведска – Летонија, Белгија – Словенија и Велика Британија – Црна Гора.
ЕП во кошарка (ж) – Србија/Летонија 2019
Група А, 3 коло
Летонија – Шпанија 56:59
Украина – В. Британија 54:68
Табела: Шпанија 6, В. Британија 5, Летонија 4, Украина 3.
Група Б, 3 коло
Шведска – Франција 65:71
Чешка – Црна Гора 57:70
Табела: Франција 6, Шведска 4, Црна Гора 4, Чешка 4.
Група Ц, 3 коло
Унгарија – Турција 58:59
Италија – Словенија 75:57
Табела: Унгарија 5, Италија 5, Словенија 4, Турција 4.
Група Д, 3 коло
Белгија – Србија 66:70
Белорусија – Русија 62:76
Табела: Србија 6, Белгија 4, Русија 4, Белорусија 4.
Двојки за осминафинале
Италија – Русија
Шведска – Летонија
Белгија – Словенија
В. Британија – Црна Гора
Директен пласман во четврт-финале како победници во своите групи обезбедија Шпанија, Франција, Унгарија и Србија.