Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По оставката на министерот за правда, денеска протест за Алмир

0
By Нова ТВ on March 21, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

За денека во 13 часот пред Владата е закажан граѓански протест против судската постапка за смртта на четиригодипниот Алмир Алиу, кој пред две години беше прегазен во Куманово, а деновиве обвинетиот Бобан Илиќ беше пуштен од притвор, откако делото беше преквалификувано, од убиство во сообраќајка со смртни последици.

Повикот за протест се споделува на социјалните мрежи.

-Ве очекуваме на протест да го искажете вашиот револт кон судската мафија. Донесете со себе играчка, парче облека или што било најмило од вашето дете или внуче. Протестот ќе биде мирен затоа што ќе има многу мајки и деца, повикуваат организаторите на протестот.

Доцна синоќа министерот за правда Билен Саљили на прес конференција соопшти дека поднесува оставка од министерското место од морални причини, токму за овој случај.

– Во овие моменти чувствувам дека довербата е разнишана поради одлуката јавниот обвинител да го преквалификува обвинението за малиот Алмир. Оваа контраверзна одлука беше оспорена и од четворицата јавни обвинители. Јас како прв човек на Министерството за правда чувствувам да поднесам оставка – рече Саљили.

Претходно во интервју за „Макфакс“ државниот обвинител Љубомир Јовески изјави дека на негово барање се сретнал со родителите на Алмир Алиу.

-Бев со цел да им кажам дека нема никаква заднина во преквалификацијата на предметот“, вели Јовескидодавајќи дека правдата ќе биде задоволена, а правото мора да владее.

Јовески тврди дека во случајот нема никаква етничка или каква и да е друга позадина.

Тој вели дека го проучил предметот за прегазувањето на малиот Алмир и дека обвинението на обвинителот се заснова на факти и докази што му стојат на располагање. Во конкретниот случај врз основа на доказите и вештачењата во предметот, обвинителката која го застапува предметот утврдила дека во случајот нема умисла, односно дека доказите не го потврдуваат обвинението кое првично било убиство со умисла, рече Јовески.

-Врз основа на претставка на оштетен, предметот е рефериран во Вишото јавно обвинителство, а потоа и во Јавното обвинителство, изјави државниот јавен обвинител, според кого, значаен дел од над 25 обвинители на повисоките обвинителства се изјасниле дека прибраните докази не го потврдуваат првичното обвинение.

Минатата недела, на рочиштето во Судот во Куманово, обвинителката направи преквалификација на делото, со што обвинетиот Бобан Илиќ наместо за убиство на Алмир, ќе одговара за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, кривично дело за кое според Кривичниот законик е предвидена максимална казна до десет години. При излегувањето од затворот, Илиќ и членовите на неговото семејство вулгарно и недолично се однесуваа кон семејството на Алмир.

 

Четворица обвинители од Јавното обвинителство на Република Македонија во петокот минатата недела преку соопштение се изјаснија дека во случајот познат во јавноста за малиот Алмир сметаат дека „со преквалификација на кривичното дело Убиство предвидено во член 123 ст.2 т.3 од КЗ на РМ во кривично дело од областа на сообраќајот предвидено во член 300 ст.2 во вв со член 297 ст.1 од КЗ на РМ како тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, е сторена повреда на основните начела за Законот за јавно обвинителство како што се начелото на законитост, непристрасност, објективност и заштита на слободите и правата на човекот и граѓаниниот кои воедно се и основни темелни вредности н Уставот на РМ“.

Јавниот обвинител на Република Македонија Љубомир Јовески смета дека јавното обраќање на четворицата обвинители во врска со случајот со малиот Алмир е „непрофесионално и дека со тоа се повредува функцијата јавен обвинител и тешко е прекршен Етичкиот кодекс на јавните обвинители во Република Македонија“.

-Нивната постапка ја доведува под сериозно сомневање независноста, непристрасноста, лојалноста и достоинството на јавниот обвинител, бидејќи нивниот настап е предизвикан од други цели кои не се поврзани со извршување на јавнообвинителската функција, се вели во писмената изјава на Јовески објавена на веб страницата на ЈОРМ, во која тој ја осудува постапката на обвинителите.

Ова ќе биде трет граѓански протест. првите два се одржаа пред Јавното обвинителство.

Алмир Илиќ Јовески обвинители ОЈО оставка Салији писмо преквалификација протест
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.