Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По рускиот обид за дестабилизација на САД, Трамп продолжува да твита

0
By Светлана Јовановска on February 19, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 19, 2018 15:49

Кремљ денес негираше мешање на руската Влада во претседателските избори на САД во 2016 година а овие обвинувања се, според Москва, неосновани.

Американската правда обвини 13 Руси за мешање во американските избори. Оваа вест беше објавена во петокот и дојде од канцеларијата на специјалниот обвинител Роберт Милер. Според него, Русија организирала кампања со милиони долари за да го дестабилизира американскиот политички систем.

Заговорот имал за цел “мешање во политичкиот и изборен процес вклучително претседателските избори во 2016 година”, вели документот на американската правда.

Но, според обвинението, нема доказ дека изборниот тим на претседателот Трамп бил вовлечен во оваа операција. Според американската правда, нема ниту доказ дека руската операција влијаела на финалниот резултат на изборите.

Приватна агенција на близок до Путин

Обвинението тврди дека кампањата ја финансирал Евгениј Пригожин, близок до Путин, кој ја водел Агенцијата за истражување на интернет. Обвинетите, претставувајќи се како американски граѓани и креирајќи лажни профили на американски личности, управувале страници на социјалните медиуми и групи дизајнирани да привлечат публика од САД”, се вели во извештајот. Во извештајот се вели и дека именуваните во обвинението почнале со планови како да влијаат на изборите уште во 2014 година.

Евгениј Пригожин, човекот за руските “тролови”

Накусо, оваа пропагандна операција е финансирана и менаџирана од руската Агенцијата за истражување на интернет а не директно од Кремљ.

Ова го потврдува Андреј Солдатов, автор на книгата “Црвениот интернет: борба помеѓу дигиталните диктатори на Русија и новите он-лајн револуционери”, во вчерашното издание на Фајненшл Тајмс:

“Сајбер-дезинформациските кампањи станаа тактика што ја користи Русија за мешање во странство со што ги намалува трошоците и ризиците од контроверзните операции во странство. Денес, сајбер-кампањите поддржани од Кремљ имаат неортодоксен синџир на команда преку не-државните актери – првенствено бизнисмени со лични врски во Кремљ”, тврди Солдатов.

И додава дека од една страна Русите со Западот склучуваат договори за ограничување на сајбер-војувањето а од друга руските хакери систематски ги напаѓаат западните веб-страници, особено во Европа.

Оваа руска пропаганда во текот на долги месеци интензивно ја критикувала кандидатката на Демократската партија Хилару Клинтон. Но, на истрагата и е тешко да утврди колку оваа операција влијаела на резултатот на изборите. Она што е јасно е дека руско мешање во изборите навистина имало и дека не се работи само за “лов на вештерки” како што Доналд Трамп тврдеше. Но за Трамп добрата вест е што, барем досега, истрагата не нашла директна врска помеѓу него и руската пропаганда.

Твитови наместо превенција

Но, овде станува збор за вистински обид од странска сила за дестабилизација на политичката сцена во САД па оттука многу аналитичари очекуваат Трамп да го осуди овој руски обид и да преземе чекори такво нешто да не се повтори во иднина а особено во ноември кога се одржуваат амриканските избори за членови на Конгресот.

Наместо тоа, Трамп ја забавува американската и светската јавност со твитови со напади врз истрагите на Милер и истрагите на конгресните комисии. Или вчерашниот твит во кој Трамп пишува дека Русите “умираат од смеење” бидејќи успеале да внесат поделба и неред во САД.

„Никогаш не реков дека Русија не се мешала во изборите. Реков дека можеби е Русија, можеби Кина, или друга држава и организација, или некој гениј, кој седи в кревет и се игра со својот компјутер. Измамата беше дека кампањата на Трамп била поврзана со Русија, што никогаш не билa“, напиша Трамп на Твитер.

Трамп го критикуваше неговиот советник за национална безбедност Х.Р. Мекмастер оти заборавил да каже дека „на резултатите од изборите во 2016 година не влијаеле Русите и дека единствената поврзаност е меѓу Русија и демократската кандидатка Хилари Клинтон, како и други демократи“.

Покрај руското мешање во изборите во САД, Милер истражува и дали на Трамп се обидувал да ја попречи истрагата.

Агенцијата за истражување Владимир Путин Доналд Трамп Евгениј Пригожин Кремљ Роберт Милер Русија САД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.