Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По триумфот во Рејкјавик, реми во Скопје: По бод за Македонија и Исланд за ЕП 2020

0
By Нова ТВ on April 14, 2019 СПОРТ
Фото: macedoniahandball.com.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По големиот триумф во Рејкјавик, реми во Скопје. Македонија и Исланд одиграа 24:24 (полувреме 10:11) во квалификацискиот реванш за пласман на ракометното Европско првенство во 2020 година. Исходот од салата „Борис Трајковски“ оди во прилог на двете селекции во потерата на завршниот турнир во Норвешка, Австрија и Шведска.

„Црвено-жолтите“ остануваат лидери на табелата со пет бода колку што имаат и Исланѓаните пред последните два меча во јуни против Турција, односно, Грција во кои и едните и другите важат за апсолутни фаворити.

Кире Лазаров и Инги Магнусон постигнаа по осум гола и завршија како најефикасни во двете репрезентации. Пет погодоци за гостите реализира Елвар Јонсон, меѓу нив и израмнувачкиот на четири секунди до крајот. По четири за македонскиот национален тим додадоа Дејан Манасков и Филип Талески.

Националниот тим во претпоследното коло, на 12 јуни, го очекува гостување на селекцијата на Турција во Ескишехир, а четири дена подоцна во Скопје (сала „Борис Трајковски“) и дуел со јужниот сосед, Грција.

Квалификации за ЕП 2020

Трета група, 4 коло

Македонија – Исланд 24:24

Турција – Грција 26:23

Табела: Македонија 5, Исланд 5, Турција 4, Грција 2.

ЕП 2020 Исланд квалификации Македонија ракомет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.