НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Под истрага договорот на британски советник и поранешната Влада

1
By Нова ТВ on April 24, 2018 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во извештајот на независното тело кое ја истражуваше  корупцијата меѓу  пратениците на Парламентарното Собрание на Советот на Европа е спомената и Македонија и случајот со британскиот пратеник Роберт Валтер на кој месечно од македонската Влада му биле исплаќани по 7000 евра.

Според извештајот, Вaлтер бил повикан на сослушување на 7 ноември лани кога пред истражителите потврдил дека бил советник на македонскиот премиер се до средината на 2017 година. Договорот бил склучен во време кога Груевски се повлече, а премиерската функција ја извршуваше Емил Димитриев.

Во извештајот се нотира и фактот дека кога го склучил договорот со македонската Влада, Валтер бил  член на Парламентарното Собрание на Советот на Европа и ја оценувал ситуацијата во Македонија. Тој бил во контакт и со претседателот на македонската делегација во ПССЕ, кој одбил да даде изјава пред истражителите за улогата што ја имал Валтер.

Консултантскиот договор со Валтер бил склучен во период кога во Стразбур се избираше судија од Македонија за Судот за човекови права и беше избран Јован Илиевски, баџанак на поранешниот директор на ДБК, Сашо Мијалков.

Во извештаите што ги пишувал тогаш до Владата, а кој беа објавени во емисијата „360 степени“, Валтер  нотира дека тие денови бил во Стразбур и вршел консултации но не наведува конкретно каква работа завршил. Јован Илиевски беше избран за судија во Судот за човекови права во Стразбур со 106 гласа од парламентарците на земјите членки на Советот на Европа, а уставната судијка Наташа Габер Дамјановска, која исто така беше предложена доби 86 гласови.

Валтер се споменува и во други случаи во Извештајот кој нотира корупција меѓу парламентарците на Советот на Европа и кој во најголем дел се однесува за подмитувањето на парламентарци од властите во Азербејџан.
Целата истрага започна кога беа објавени наводите за  т.н афера  „Кавијаргејт“ кој водеа директно до шпанецот Педро Аграмунт,  кој лани летото беше исклучен од членството на пратеничката група на Европската народна партија (ЕПП) при Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ). Аграмунт беше претседавач на групата на Европските народни партии и важеше за пријател на ВМРО ДПМНЕ и Груевски, кој постојано апелираше опозицијата да се врати во Собранието. По објавувањето на првите „бомби“ од опозицијата, Аграмунт ќе го осуди однесувањето на Заев и ќе ја подржи тезата на екс премиерот Груевски дека во целата афера се вклучени „странски служби“.
„Сакам да ја искажам мојата загриженост за последните политички настани во Поранешната Југословенска Република Македонија, особено  неодговорното однесување на политичката опозиција.Го повикувам Зоран Заев, претседател на СДСМ  да ги преиспита своите обвинувања упатени кон македонската влада и премиерот Груевски“ пишува во писмото напишано од  Аграмунт  кој тогаш е  претседавач со Европската народна партија во Парламентарното Собрание на Советот на Европа.
Аферата „Кавијаргејт“ откриваше како властите во Азербејџан ги подмитувале пратениците во Советот на Европа за да добијат позитивни извештаи. За возврат пратениците добивале пари, кавијар, скапи часовници и ќилими, но и престој во луксузни хотели. По исклучувањето на Аграмунт, се формираше и независна истражна комисија која вчера го објави Извештајот со своите заклучоци.

Во извештајот  се посочува и поранешниот пратеник во германскиот Бундестаг Едуард Линтнер од редовите на Христијанско-социјалната унија. Тој, меѓу 2012 и 2014 година  наводно од Баку, преку три фиктивни фирми со седиште во Велика Британија, примил вкупно речиси 820 илјади евра. Во фокусот на истражителите е и пратеничката на Бундестагот, Карин Штренц која работела за консултантската фирма на Линтнер и италијанскиот демохристијанин Лука Волонте кој наводно примил  поткуп од Азербејџан во износ од речиси 2,4 милиони евра.

Според истражителите, од влегувањето во Советот на Европа во 2001 година, поранешната советска република, богата со нафта, создала вистинска мрежа симпатизери- меѓу останатото благодарение на широкоградите подароци.  На тој начин автократски управуваниот Азербејџан успеа да ги спречи критичките извештаи за изборите или за состојбата на човековите права.

консултански услуги Корупција пратеници Совет на Европа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.