На северот на Европа забрзано се шири подваријанта на сојот на Омикрон на коронавирусот наречена „Стелт Омикрон“ која е регистрирана и во Австрија.

Подваријантата „Ба.2“ ги зафати Норвешка, Шведска и Велика Британија додека во Данска го потисна основниот сој „БА.1“ и стана доминантна.

Се претпоставува дека новата подваријанта би можела уште подобро да го „пробива“ стекнатиот имунитет со претходно заболување или со вакцина.