Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Полицијата на готовс: Опозициски протест за „ослободување“ на Албанија

0
By Нова ТВ on June 8, 2019 СВЕТ
Фото: washingtonpost.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, June 8, 2019 09:13

Обединетата албанска опозиција вечерва (19 ч.) ќе го одржи осмиот „национален протест“ пред Владата во Тирана, за кој очекува да биде најмасовен досега, но според медиумите можно е да биде и најнасилен.

На тоа наведуваат сознанија на полицијата дека се можни напади врз институциите, поради што албанските власти најавија ангажирање многу поголем број на припадници на безбедносните сили.

Освен повеќе од 1.700 полицајци, ќе бидат ангажирани и припадниците на Националната гарда, полициски службеници од Драч и од Елбасан, а во другите полициски комесаријати вработените ќе бидат во мобилна состојба. Во првиот полицски кордон пред Владата ќе бидат распоредени и припадниците на специјалната единица „Шќипоња“.

Владата веќе е оградена со метална ограда, поставени се камери со висока резолуција, а специјалната единица „Ренеа“ и онаа за брза интервенција ќе бидат распоредени зад владниот објект.

Исто така, бидејќи не е исклучено протестот да се префрли од пред Владата пред законодавниот дом, големи полициските сили ќе бидат распоредени и пред Парламентот каде на последниот протест беше најтензично.

Ќе има и противпожарни возила и возила за итна помош, како и цистерни со вода, во случај полицијата да мора да употрени водени топови. Со оглед на прекумерната употреба на пиротехнички средства, како што се чадни бомби и молотови коктели, во толпата ќе бидат инфилтрирани и агенти од секорот за антитероризам.

Мерки презема и сообраќајната полиција. На автобусите со кои ќе доаѓаат демонстрантите од внатрешноста нема да им се дозволи влез во центарот на Тирана. Оние кои доаѓаат од северниот дел ќе се паркираат пред спортскиот центар „Аслан Руси“, додека оние од југот кај економскиот факултет.

Од партиското седиште, лидерот на опозициската Демократска партија, Љуљзим Баша синоќа уште еднаш побара заминување на премиерот Еди Рама и „ослободување од најлошото зло што ја зафатило земјата“.

„Очите на целиот свет се вперени кон Албанија за да се види како ќе се реши кризата. Го повикувам на протест секој граѓанин кој посакува ослободување на Албанија од криминалот и дрогата. Колку побрзо замине Еди Рама, толку подобро за иднината на земјата“, рече меѓудругото Баша во синоќешнот апел за што поголема масовност на протестот.

И претседателката на втората по големина опозициска партија, Социјалистичкото движење за интеграција, Моника Круемади, синоќа од собирот во Тирана ги повика граѓаните што помасовно да учествуваат на протестот. Таа рече дека на власта на премиерот Рама и се наѕира крајот и додаде дека опозицијата нема да „пали згради во државна сопственост, туку ќе ја урне Владата и премиерот“.

„Овој протест е многу важен бидејќи само величенствено присуство ќе ги урне темелите на гнилиот менталитет што остана во умот на премиерот во заминување“, рече Круемади, која поради оперативен зафат што и беше извршен во Италија, не присуствуваше на последниот протест што се одржа на втори јуни.

Таа нагласи дека битката што ја водат е против организираниот криминал „чиј лик и име е Еди Рама“ и оти таа битка нема да престане се додека еднаш засекогаш не си замине.

Пред протестот се огласи и амбасадата на САД во Тирана, која откако потсети на насилството на минатите протести, употребата на солзавец и водени топови, упати апел до своите државјани да ги избегнуваат местата каде што ќе се протестира.

Додека опозицијата бара негово заминување, одлагање на локалните избори за шест месеци, формирање преодна влада која ќе спроведе предвремени парламентарн избори, Рама ја продолжува изборната кампања со порака дека избори на 30 јуни ќе се одржат и без опозицијата.

Околу барањата за одложување на локалните избори и подготвеноста на претседателот Илир Мета дека доколку има политички договор тој ќе го презакаже денот на изборите, Рама рече дека „не може да се дозволи некој да си поигрува со Уставот како со топка од партали“.

Албанија Еди Рама опозиција протест
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026
ФОКУС
April 16, 2026

Работниците во македонската култура: Многу лоша улога Министре

ВЕСТИ April 16, 2026

Под мотото дека молчењето е злочин кон сопственото достоинство, Синдикатот на културата на Република Македонија…

Трамп објави десетдневно примирје меѓу Израел и Либан

April 16, 2026

Полска бара Унгарија итно да ѝ ги испорача пребеганите функционери обвинети за криминал

April 16, 2026

Во сенката на иранската криза Русија континуирано ја напаѓа Украина

April 16, 2026
ТИКЕР

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.