Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Полицискиот синдикат бара итен скрининг на Ковид-19 на полициските службеници

0
By Нова ТВ on July 27, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Синдикатот на полицијата во Македонија (СПМ) бара неодложно обезбедување на бесплатни тестови за Ковид-19 за скрининг на полициските службеници, идентификување на асимптоматските случаи и мапирање на случаи на лица кои веќе го прележале корона вирусот.
„Како Синдикат неодложно бараме Министерството или Владата веднаш да обезбедат бесплатни тестови со кој ќе се врши скрининг и тоа по возраст и хронични болести кои би биле опфатени со испитувања во првиот период, а потоа и за сите други со цел да се види опфатеноста на полициските службеници со овој вирус, идентификување на бројот на асимптоматски случаи кои во голем број се присутни меѓу припадниците на МВР. Имено, истите се заразени, а не се свесни поради тоа што немаат симптоми, а од друга страна го пренесуваат на други лица, како и мапирање на случаи и лица кои веќе го прележале, а не ни знаат“, се наведува во денешното соопштение од Синдикатот на полицијата.
Од Синдикатот посочуваат дека до нив секојдневно стигнуваат информации дека во редовите на МВР има нови позитивни случаи, но и случаи во кои полициските службеници се сомневаат дека се заразени.
„Во изминатиот период полицијата не остана имуна на болеста, па бројот на болни и кај припадниците на МВР секојдневно растеше. Со оглед дека државата треба да се врати во нормален процес на функционирање, а процесот избори, кој опфати многу полициски службеници помина, со цел на спречување на појава на полициски кластери по сите овие активности, како Синдикат бараме веднаш да отпочнат скрининг тестирања согласно споменатиот план со цел спречување на ширењето на болеста помеѓу сите полициски припадници“, велат од Синдикатот.
барање Ковид-19 МВР Синдикат скрининг тестирање
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.