Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Полска: Повеќе стотици демонстранти го блокираа Парламентот

0
By Нова ТВ on December 17, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Повеќе стотици демонстранти на опозицијата синоќа во Варшава го блокираа Парламентот и ги затворија сите излези од зградата во која се наоѓаа премиерката Беата Шидло и шефот на партијата Право и правда Јарослав Качински како и повеќе од 200 пратеници на мнозинството.

Неколкумина од нив се обидоа да го напуштат Парламентот но нивните авотмобили беа сопрени од страна на толпата демонстранти. Полиција се обиде да евакуира неколку демонстранти но брзо се откажа од таа намера па блокадата продолжи во ноќта.

Демонстрантите бараа слободни медиуми, почитување на Уставот и скандираа “нема да излезете до Божиќ” веејќи полски знамиња.

По полноќ на демонстрантите им се придружија и повеќе пратеници од Граѓанската платформа.

Ова е прв пат во Полска да се случи ваков конфликт помеѓу власта и опозицијата. Пред Парламентот манифестираа повеќе стотини луѓе на апел на движењето за одбрана на демократијата.

Демонстрантите протестираа против одлуката со која се лимитира пристапот на медиумите до пратениците и поради усвојувањето на буџетот за 2017 година во услови кои опозицијата ги оцени како незаконски.

Пратениците беа повикани да гласаат во една друга сала на зградата бидејќи главната сала беше окупирана од триесетина пратеници на опозицијата кои протестираа против новите правила за новинарите.

Според партијата на власт, гласањето за буџетот и законот со кој се намалуваат пензиите на поранешните полицајци на комунистичката полиција, се одржале според сите правила. Но, опозицијата тврдеше дека тоа било незаконски и велеше дека некои пратеници не можеле да влезат во салата каде се гласало поради хаосот кој владееше во Парламентот.

За пратениците на мнозинството, протестот се случил поради гласањето на законот за поранешните полицајци на комунистичкиот режим.

 

буџет медиуми опозиција Полска протести
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.