Претседателот на Полска, Анджеј Дуда е инфициран со коронавирус, порача денеска неговиот соработник Павел Шрот. Тој додаде дека Дуфа се наоѓа во изолација, но дека се чувствува добро и нема сериозни симптоми на вирусот, пренесе „Ројтерс“.

Дуда беше заразен со ковид-19 и во октомври во 2020 година.

Полска во изминатите денови бележи помал број на позитивни случаи што, веројатно, е резултат на малиот број на тестирања за време на празниците.