Ал Аин против Ривер Плата и Реал Мадрид против Кашима Антлерс се полуфиналните двојки на Светското клупско фудбалско првенство во Обединетите Арапски Емирати.

Фудбалерите на Ал Аин предводени од Зоран Мамиќ, кои воедно се и домаќини на турнирот, во четврт-финалето ја елиминираа туниска Есперанца (претставник на Африка) по убедливиот триумф со 3:0 со головите на Мохамед Ахмад во втората минута, на Ел Шахат во 16. минута и на Мохамед во 60. минута. Три дена претходно, во осминафиналето беше совладан и претставникот на Океанија, Велингон на пенали со 4:3 (мечот во основниот дел заврши 3:3).

Кашима, пак, обезбеди дуел со европскиот првак по победата над Гвадалахара (претставник на КОНКАКАФ зоната – Северна и Средна Америка и Карибите) со 3:2. Нагаки во 49. минута, Сержињо во 69. минута и Абе во 84. минута погодија за јапонскиот состав додека Залдивар во третата минута и Пулидо во четвртата од екстра времето беа стрелци за екипата од Мексико.

Светско клупско првенство во фудбал

Осминафинале

Ал Аин – Велингтон 4:3 на пенали (3:3 во основниот дел)

Четврт-финале

Ал Аин – Есперанца 3:0

Кашима Антлерс – Гвадалахара 3:2

Полуфинале

Ал Аин – Ривер Плата (18 декември)

Реал Мадрид – Кашима Антлерс (19 декември).