Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Полуфинале во ЛШ: Може ли Ајакс и преку Тотенхем?

0
By Нова ТВ on April 30, 2019 СПОРТ
Фото: globalnews10.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Тотенхем и Ајакс во меѓусебен судир на европски фудбалски мегдан по пауза од 38 година. Во 1981 година се пресметаа во тогашниот Куп на победници на купови или скратено КПК, а вечерва ќе се судрат во првото полуфинале во Лигата на шампиони. Натпреварот во Лондон е со почеток во 21 часот.

Покетино: Хендикепирани сме и заморени, имаме суспендирани и повредени

Двата тима во мечот влегуваат со различно расположение. Менаџерот на „спарси“, Маурисио Покетино не може да смета на суспендираниот Сон и на повредениот Кејн, но се пожали и на заморот меѓу неговите играчи. За истакнување на нерамноправната положба ги искористи обврските што Тотенхем ги имаше во Премиерлигата викендот и мечот со Вест Хем за разлика од Холанѓаните кои го одложија целото коло за што подобри подготовки на Ајакс.

Тен Хаг: Хендкепирани? – А колку пари имате?

Неговиот колега, пак, на спротивната страна, Ерик Тен Хаг не сака ниту да слушне за поплаките на Аргентинецот.

„За настапите во Холандија, ние добиваме 10 милиони евра. Тие од Премиерлигата добиваат многу повеќе милиони. Дали тоа не е нефер кон нас. Секој има свои проблеми, сите работиме во поинакви околности и на секој тим му преостанува да се избори во нив колку што може подобро. Тоа го правиме ние“, возврати тренерот на Ајакс.

Холандскиот полуфиналист во ЛШ има млада екипа која го сврте на себе сето внимание со игрите и резултатите оваа сезона, особено по елиминациите на Реал Мадрид и на Јувентус во осминафиналето, односно, четврт-финалето. Се очекува дека добар дел од првотимците ќе направат трансфери уште во летниот преоден рок. На мета на големите европски клубови се Матијс де Лигт, Нерес, Зијеш, Френки де Јонг меѓутоа Тен Хаг истакна дека разлика направиле повратниците од Премиерлигата – Душан Тадиќ од Саутемптон и Дели Блинд од Манчестер јунајтед.

„Знаевме колку се важни знаењето и искуството што тие го носат. Пред нив имавме добар, но истовремено и млад и неискусен тим“, коментира Тен Хаг.

Втората полуфинална двојка ја сочинуваат Барселона и Ливерпул. Првиот меч е утревечер на „Камп Ноу“ од 21 часот. Реваншите се наредната недела, големото финале е на први јуни на стадионот „Ванда Метрополитано“ во Мадрид.

Ајакс Ерик Тен Хаг Лига на шампиони Маурисио Покетино Полуфинале Тотенхем фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.