Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Помрачување во три минути: Шпанија ја прати Македонија да решава со Исланд

0
By Нова ТВ on January 16, 2019 СПОРТ
Фото: jyllands-posten.dk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Три лоши минути на стартот на второто полувреме ги помрачија одличните 30 од првото и кумуваа на убедливиот пораз на Македонија од Шпанија со 21:32 (полувреме 12:13) во претпоследното коло во групата Б на Светското ракометно првенство во Германија и Данска.

Штета. Како поинаку и пократко да се опише дуелот на „црвено-жолтите“ со „фуријата“ во „Олимпијахале“ во Минхен. Македонија го држеше крај себе актуелниот европски шампион и му дишеше во врат, но дозволи лесно да ` побегне и покрај, дотогаш, извонредниот Никола Митревски кој едноставно го маѓепса голот. Шпанците направија серија од 5:0 по враќањето од одмор, од плус еден се одлепија на плус шест за „крај“ на средбата уште во 34 минута.

На селекторот Раул Гонзалез му стана совршено јасно во кој правец оди натпреварот, па стандардните ги повлече и на терен ги испрати помладите за акумулирање искуство и минутажа. Костурот на тимот ќе биде потребен за утре (18 ч.) за директната пресметка со Исланд која треба да го даде третиот патникот од групата Б во главната муднијалска фаза во Келн.

Жарко Пешевски за Македонија и Алекс Гомез за Шпанија постигнаа по шест гола и како најефикасни го завршија мечот. Кире Лазаров и Раул Ентрериос реализираа по пет, Филип Кузмановски и Даниел Душебаев ги тресеа противничките мрежи по четири пати. Никола Митревски забележа фантастични 15 интервенции, но неговиот колега на спротивниата страна Перез де Варгас го напушти мечот со наградата играч на натпреварот.

СП во ракомет (м)

Група Б, 4 коло

Македонија – Шпанија 21:32

Хрватска – Бахреин 32:20

Јапонија – Исланд 21:25

Табела: Хрватска 8, Шпанија 8, Исланд 4, Македонија 4, Јапонија 0, Бахреин 0.

Идно коло (четврток): Бахреин – Јапонија (15.30 ч.), Македонија – Исланд (18 ч.), Шпанија – Хрватска (20.30 ч.)

Група Д, 4 коло

Ангола – Аргентина 26:33

Унгарија – Египет 30:30

Катар – Шведска 22:23

Табела: Шведска 8, Унгарија 6, Египет 3, Аргентина 3, Катар 2, Ангола 2.

Идно коло (четврток): Египет – Ангола (15.30 ч.), Катар – Аргентина (18 ч.), Шведска – Унгарија (20.30 ч.)

Македонија Ракомет (м) СП 2019 Шпанија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.