На булевар „Трета македонска бригада“, кај „Раде Кончар“, пријавено е дека во 18:50 часот настанал пожар во автобус на Јавно сообраќајно претпријатие – Скопје, информира Министерството за внатрешни работи (МВР).

Од УПС од Полициската станица Аеродром на лице место е констатирано дека автобусот е опожарен во задниот дел кај моторот.

Територијална противпожарна единица на Град Скопје информира дека нема повредени лица.