Поради силните пожари кои се проширија во регионот на Анталија, Турција, министерот за надворешни работи, Бујар Османи ја одложи официјална посета на Анкара, соопшти Министерството за надворешни работи (МНР).
Од МНР, како што соопштија вчера, дека со тага се следи ситуацијата со пожарите на територијата на пријателска Турција, со поддршка за тековната масовна противпожарна акција со надеж дека што поскоро да успее да ја стави состојбата под контрола.