Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) планира да го помести маратон на Игрите во 2020 година од Токио во Сапоро.

Организаторите ја разгледуваат таквата опција поради најавите за високи временски температури во градот домаќин на Олимпијадата за разлика од 800 километри оддалечениот Сапоро каде живата во термометарот се очекува да биде пет-шест степени пониско.

Олимписките игри во Токио ќе се одржат од 27 јули до 9 август во 2020 година.