Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пораката е недвосмислена: Иднината на Западен Балкан е во ЕУ, се очекува потврда и на Самитот во Брдо кај Крањ

0
By Sashko on September 30, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Иднината на Северна Македонија е во Европската Унија (ЕУ). Се додека доаѓа претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и вели дека поддршката за проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан е недвосмислена, ние само треба да продолжиме да работиме, да се покажеме и докажеме и да ги убедиме дека заслужуваме да бидеме дел од Унијата. Таа од Скопје ја испрати пораката за силна поддршка, оддаде признание за постигнатиот напредок во реформите и рече дека е ангажирана за Северна Македонија до крајот на оваа година да ги почне преговорите за членство.

Ова е ставот на официјални претставници на државата во врска со објавената наводна нацрт-декларацијата за Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брдо кај Крањ, во која се тврди дека ЕУ „веќе не може да се усогласи да даде гаранција за идно членство на шесте балкански земји“.

Во истовреме, ден по посетата на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на земјава, вчера во Скопје допатува и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, кој по средбата со премиерот Зоран Заев, се огласи на „Твитер“ дека со Заев разговарале „како да го придвижиме напред процесот на проширување преку отворање преговори за членство со Северна Македонија и со Албанија“.

Со нетрпение го очекуваме Самитот ЕУ-Западен Балкан идната недела во Словенија. Западен Балкан е клучен приоритет за Европската комисија, иднината на регионот е во ЕУ. Разговаравме како да го придвижиме напред процесот на проширување преку отворање преговори за членство со Северна Македонија и со Албанија, напиша Вархеји на „Твитер“.

На Твитер се огласи и премиерот Заев кој објави за средбата со Вархеји, со кого, како што напиша, отворено разговарале за неколку теми како што е економскиот инвестициски план, кој е навистина силен позитивен импулс за нас, до конкретни проекти кои ќе бидат објавени до крајот на годината.

Една од темите на разговор беше и подготовките за претстојниот самит Западен Балкан во Словенија каде ќе имаме одличен простор за заедничка дискусија. Европскиот пат е важен за двете страни и за Северна Македонија и за ЕУ и посветени сме на тој процес, напиша премиерот Заев на „Твитер“.

Од Европската комисија пред посетата на Вархеји на Скопје посочија дека еврокомесарот е во комуникација со сите релевантни страни во однос на дискусијата за почеток на преговорите со Северна Македонија и Албанија што е можно поскоро.

Вархеји минатата недела беше во Бугарија каде што со претседателот Румен Радев и техничкиот министер за надворешни работи Светлан Стоев разговараше за отстранување на бугарската блокада за почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ.

Посетата на Вархеји на Скопје следува ден по посетата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која на разговорите со властите во земјата, исто така, разговараше и за прашањето со Бугарија. Таа изрази уверување дека е можно надминување на блокадата од Софија и одржување на првите меѓувладини конференции со Северна Македонија и со Албанија до крајот на оваа година. 

Во меѓувреме, шефот на дипломатијата Бујар Османи рече дека се додека доаѓа претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и вели дека поддршката за проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан е недвосмислена, ние само треба да продолжиме да работиме, да се покажеме и докажеме и да ги убедиме дека заслужуваме да бидеме дел од Унијата, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи во врска со објавената наводна нацрт-декларацијата за Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брдо кај Крањ.

Во подготовките на телата на ЕУ за заедничката Декларација која треба да се усвои на Самитот во Брдо се појави дилемата дали овој Самит е воопшто за проширување и дали зборот „проширување“ треба да стои во тој документ. Некои тоа го интерпретираат како продолжување на евроскептицизмот на одредени држави, што не е ништо ново. Други го интерперетираат повеќе во дефинирање на конкретниот Самит, дали е Самит на проширување или е Самит во кој само се покажува фокусот на ЕУ кон Западниот Балкан, вели Османи.

Шефот на дипломатијата посочува дека без разлика за која варијанта и да станува збор, пораката не е добра во однос на едногласноста на ЕУ во односот кон Западниот Балкан, што сепак, како што вели, но не е ништо ново.

Има земји-членки кои сметаат дека ЕУ претешко функционира за да може да дојдат да се зачленат уште шест нови земји членки, да се закануваат со нивните права на вета, со нивните комесари, потенцира Османи. Но, според него, сепак е добро што на Самиот во Брдо кај Крањ на иста маса ќе седнат челниците на ЕУ и на земјите од Западниот Балкан и повторно ќе се разгледуваат перспективите на регионот.

По текстот што вчера го објави агенцијата Ројтерс дека некои земји членки бараат крај на проширувањето на ЕУ, повеќе дипломати тврдат дека текстот „е попесимистички од реалноста“ и оти станува збор за тензии околу заклучоците од Декларацијата за Самитот ЕУ-Западен Балкан што ќе се одржи во Словенија идната недела, јави дописничката на МИА од Брисел.

Објавата на Ројтерс всушност се однесува на дискусија помеѓу амбасадорите на земјите-членки на ЕУ која се одржала на 15 септември објаснуваат за МИА неколку дипломатски претставништва на ЕУ во Брисел.

Како и пред секој Самит меѓу ЕУ и Западен Балкан, амбасадорите го усогласуваат текстот од Декларацијата што треба да произлезе од истиот, и што треба да им биде предаден на лидерите. Овие самити, потсетуваат дипломатите, последниве години (под бугарско и под хрватско претседателство) никогаш не се однесувале на проширувањето. Секој пат, меѓутоа, се повторува поддршката на ЕУ за европската перспектива на Западниот Балкан.

Додека првата верзија од Декларацијата гласи: „ЕУ ја потврдува својата недвосмислена поддршка за европската перспектива на Западниот Балкан и ја поздравува заложбата на партнерите од Западен Балкан кон европската перспектива, што е наш заеднички стратешки интерес и останува наш стратешки избор“, неколку земји-членки, кои силно се залагаат за проширувањето, побарале да стои поексплицитна и поизразена поддршка за овој процес.

Ова барање, според дипломати присутни на состаноците, ги разгневило традиционално скептичните Франција, Холандија и Данска, кои за возврат побарале да се набројат строгите услови за проширувањето и со тоа сакале да испратат порака дека проширувањето „не е готова работа“.

Поради овој судир помеѓу земјите кои се залагаат и оние кои се противат на проширувањето се појавиле тензии меѓу амбасадорите уште пред две недели, а темата е ставена на ред за идниот петок, односно последниот амбасадорски состанок пред да се одржи Самитот ЕУ-Западен Балкан.

Зошто дипломатите одлучиле да ги брифираат Ројтерс токму на денот кога претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, ја започна својата балканска турнеја, останува нејасно, но не сите во Брисел изразуваат загриженост поради овој текст.

Останува, исто така, да се види што ќе стори словенечкото претседателство во петок кога треба да понуди компромисно решение за Декларацијата: дали ќе се врати првичната вообичаена формулација на поддршка за перспективата или ќе излезе со некое друго креативно решение.

Но, потсетуваат дипломатите, факт е дека проширувањето е една од многу поларизирачки теми во Европската Унија, меѓу Данска, Франција и Холандија од една страна и, претежно, земјите од источниот блок од друга страна кои сакаат побрзи и поконкретни реализации во областа на проширувањето, како отворање нови поглавја со Србија и со Црна Гора и почеток на преговорите со Албанија и Северна Македонија.

Нејасно е каде точно стои Германија во оваа дискусија. Додека некои дипломати брифираат дека Германија е на страна на амбициозните за проширувањето, други тврдат дека таа држи побалансирана позиција меѓу двата табора, посебно со оглед на тоа дека земјата е дипломатски значително ослабена.

Декларацијата од Самитот во Словенија не е на дневен ред на денешниот амбасадорски состанок како што се најавуваше во одредени медиуми. 

Во исто време, „ЕУ Обзервер“ утрово објавува ексклузивен интерен документ на земјите-членки во ЕУ во кој се истакнува дека слободниот визен режим со земјите од Западен Балкан, Молдавија, Грузија и Украина повторно се доведува во прашање, јавува дописничката на МИА од Брисел.

Ова доаѓа повторно додека претседателката на Европската комисија го посетува регионот, како и брифингот на високи дипломатски извори за Ројтерс дека некои земји-членки бараат да се стави крај на проширувањето на ЕУ. Според документот во кој „ЕУ Обзервер“ имал увид, Германија, Франција и Италија се гневни за „злоупотребата“ на визниот режим од страна на граѓани на земјите од Западен Балкан, како и на трите земји од Источното партнерство, кои исто така бараат формално членство во ЕУ. 

ЕУ Зоран Заев Македонија Оливер Вархеји Порака Урсула фон дер Лајен членство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.