Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Потпретседателката Камала Харис: Ќе ја браниме секоја педа од територијата на НАТО 

0
By Соња Крамарска on March 2, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
2CC4AD1 Washington DC, United States, democratic party vice presidential nominee Kamala Harris in election campaign in Washington DC
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 2, 2022 15:51

Американската потпретседателка Камала Харис денеска рече дека „сè е на маса“ додека САД ги оценуваат економските санкции наметнати на Русија поради нападот врз Украина, и повтори дека САД нема да испраќаат војници да се борат со руските сили во Украина.

„Она што ќе продолжиме да го правиме е да останеме цврсто со нашите сојузници во однос на она што го правиме со санкциите. Сè е на маса за разгледување“, изјави Харис за  мрежата NBC.

Харис продолжи: „Она што нема да го направиме и тоа мора да се каже исто така, како што претседателот постојано кажува, е дека нема да ставаме американски војници во Украина да се борат против Русите на земја или во воздух. Но, ние сме цврсти во нашата подготвеност да го браниме нашиот НАТО сојуз и нашите сојузници, секоја педа од територијата на НАТО, и ќе продолжиме да го правиме тоа“.

Харис изјави за „Добро утро Америка“ на ABC дека САД внимателно ги следат дејствијата на Русија и проценуваат дали имало намерно таргетирање цивили и кршење на меѓународното право.

„Ние сме многу загрижени и го следиме тоа. Ова е прашање на кое сите треба да обрнеме внимание. Тоа е ѕверство и прекршување на сите стандарди и принципи кои ние, особено како земји на НАТО ги сфаќаме сериозно во однос на заштитата на суверенитетот и територијалниот интегритет на која било држава“, изјави Харис за ABC.

Харис рече дека САД ќе продолжат да обезбедуваат хуманитарна помош, како и безбедносна помош за народот на Украина.

Харис посочи за NBC дека Русија веќе ги чувствува ефектите од економските одмазднички мерки што САД ги воведоа против нив.

„Рубљата е во слободен пад. Она што го видовме е дека руската берза е затворена. Она што го видовме е дека Русија доби низок кредитен рејтинг. Значи, знаеме дека има влијание“, рече таа.

„Она што ќе го покаже историјата е дека Владимир Путин во основа го зајакна НАТО и ја ослабна Русија“, рече потпретседателката. Харис рече дека вчера разговарала со лидерите на Летонија, Литванија, Словенија и Романија за тоа како САД ќе продолжат да ги поддржуваат своите сојузници.

Таа, исто така, го пофали украинскиот претседател Володимир Зеленски, велејќи дека тој „покажа извонредна храброст“ и „беше инспирација за сите нас“.

ѕверство Камала Харис НАТО Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 14, 2026

Трамп и Ши три пати беа прашани за Тајван – тие прашањето го игнорираа

ВЕСТИ May 14, 2026

Кинескиот претседател Ши Џинпинг го пречека американскиот претседател Доналд Трамп во Пекинг со формална воена…

Иран постави пет услови за нови разговори со САД

May 13, 2026

ЕУ сепак ќе разговара со Путин – се бара посредник засега меѓу Меркел и Макрон

May 11, 2026

Техеран: Иран го отфрли планот на САД – цените на нафтата веднаш скокнаа

May 11, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.