Шумски пожар избувна денеска околу пладне во градот Сиде, во близина на Анталија. Огнените јазли почнаа да се шират во шума, недалеку од Анталија, а поради близината на туристичките места, во хотелите нема струја и вода.
Како што пренесуваат медиумите, две села се целосно изгорени, а евакуацијата на населението е во тек. Сè уште не е познато дали има жртви.