Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Правилата за влез во Грција се продолжени за уште две недели: Негативен тест останува задолжителен

0
By Sashko on January 23, 2022 РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, January 23, 2022 12:09

Актуелните правила за влез во Грција што беа воведени пред еден месец, остануваат на сила за уште две седмици и негативен тест (ПЦР или рапид) и натаму е задолжителен за сите патници независно дали се вакцинирани или не, мерка што се однесува и за државјаните на Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Атина.

Новата одлука стапува во сила утре и ќе важи до 7 февруари во 2022 година.

Негативен ПЦР тест направен до 72 часа пред патувањето или рапид тест на 24 часа пред пристигнувањето, заедно со пополнет PLF формулар се задолжителни за влез во Грција, без разлика дали посетителите се вакцинирани, дали прележале ковид-19 или се невакцинирани.

Паралелно, нема промени и во однос на невакцинираните патници од 16 земји меѓу кои и од Северна Македонија кои освен негативен тест пред патувањето, потребно ќе биде да добијат и негативен тест на самата граница при задолжителното тестирање од грчките власти.

Тестирањето треба да биде во лабораторија одобрена од државата на потекло (приватна или државна), а потврдата да биде на грчки, на англиски, на француски, на германски, на италијански, на шпански или на руски јазик, а исто како и за сертификатот, треба да ги содржи и името и презимето на лицето кое патува, онака како што се заведени во пасошот.

Посебна одредба, веќе неколку месеци постои за невакцинираните и за оние кои не прележале ковид-19, а во Грција пристигнуваат од: Египет, Албанија, Аргентина, Северна Македонија, Бугарија, Бразил, Грузија, Куба, Обединетите Арапски Емирати, Индија, Кина, Либија, Мароко, Пакистан, Русија и Турција и предуслов за влез е да добијат негативен резултат од задолжителното тестирање со ПЦР/ рапид тест на влезните точки во Грција.

Задолжителното тестирање при влез не важи за вакцинирани лица кои имаат сертификат за вакцинација со поминати 14 дена од втората доза и оние кои прележале ковид-19 и имаат потврда што важи 14 дена по првиот позитивен резултат и до 90 дена подоцна.

Во однос на потврдите за прележана болест и промените воведени минатиот месец, согласно одлуката, оние кои се издадени од 15 јули 2021 година до 31 октомври 2021 година важат до 31 јануари 2022 година, а останатите се со траење до 90 дена по првиот позитивен резултат.

Конкретните обврски за патување важат и за возрасните, но и за децата со наполнети пет години.

Влез Грција Ковид-19 Правила регион тест
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.