Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Преговори: Има разлики, но и оптимизам во Скопје, Атина и Брисел

0
By Нова ТВ on February 16, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, February 16, 2018 18:55

Грчкиот министер за надворешни  работи Коѕијас месецов ќе дојде во Македонија со план од седум точки за решавање на долгодишниот спор за името. Планот ќе бил на 20 страници и првиот дел за именките и изведенките од него, односно како ќе се користи името веќе бил готов, најави Коѕијас во интервју за грчката телевизија Алфа.

-Ние сме и за внатрешна и за надворешна употреба, и во меѓународните односи и во билатералните односи. Значи, има име и тоа се користи, но доаѓаат и изведенките. Идентитетот, единството, јазикот. Потоа, се зборува и за трговските марки – има многу производи со името Македонија на двете страни, и, се разбира, тоа мора да престане. Но за тоа нема да зборуваме во овие преговори, вели грчкиот министер за надворешни работи.

Моите пријатели од Скопје веруваат дека нема потреба од промена на уставот. Тоа не може да го направат сега, немаат мнозинство. Сепак, ние веруваме дека за договорот да донесе долгорочна стабилност и консолидација на оваа земја, потребни се уставни измени, инаку се остава простор за спорови во иднина – вели Коѕиас.

 

Коѕијас вели дека тој преферира име кое ќе значи дека оваа Македонија нема ништо заедничко со грчката.

-Или Горна Македонија, или Северна Македонија или Вардарска Македонија или Македонија – Вардар. Има дебата. Името да биде на латиница, да биде на англиски, од каде ќе се преведува на сите јазици. Тоа е она што мислам дека Скопје би го сакало. Мојата желба е малку покомплексна. Би сакал да биде тоа име кое ќе кажува дека тоа е една друга Македонија, географски ентитет, а не историско наследство на грчка Македонија – вели шефот на грчката дипиломатија во интервјуто.

Јас претпочитам име што во меѓународни рамки ќе зборува дека тој дел на Македонија е сега делот на ФИРОМ, Скопје, со Албанци и Словени и дека тој дел нема ништо заедничко со грчка Македонија – не сакам да се случуваат забуни, вели Никос Коѕиас, грчкиот министер за надворешни работи во интервју за грчката телевизија „Алфа“.

Разговорите во Виена траеле 12 часа, но Коѕијас вели дека договор се уште нема за ниту една точка. Премиерот Заев, по разговорите во Виена рече дека за три од точките има приближување.

-Мислам дека премиерот Заев изразува еден оптимизам што е добар за преговорите. Имавме разговор точка по точка и кога преговараш точка по точка, во основа за ништо не можеш да се согласиш. За секоја точка имаш мислење, има и другата страна свое мислење. Она што можеш да направиш е овие различни мислења да ги ставиш во еден пакет. Академски, ова го викаме пакет решение,што значи јас ќе ти дадам нешто што не е толку важно за мене,но за тебе е поважно, а ти ќе ми дадеш едно прашање што е важно за мене, а за тебе е малку помалку важно. Затоа што во спротивно нема да има договор, вели Коѕијас.

Премиерот Заев,пред два дена оцени дека од првичните седум појдовни позиции во преговарачкиот процес за решавање на спорот за името, приближување во ставовите има во три од нив

– Медијаторот Нимиц го води процесот, тој ги знае работите што може и што не може да поминат. Мене ми е драго што се разглобени сите отворени прашања. Ако тргнеме од некои седум позиции коишто беа појдовни точки на разговорите, знам дека тоа е веќе намалено на четири, значи три се отстранети – рече Заев.

Тој истакна дека останува на ставот оти нема потреба од интервенции во Уставот и дека добро се знае до каде може да се направат отстапки, а дека доколку се дојде до решение, граѓаните ќе го имаат последниот збор на референдум.

Денеска во Софија, имаше нова средба меѓу министрите за надворешни работи на двете земји. Во интервју за бугарската Нова, Димитров  рече  дека тој и неговиот грчки колега Никос Коѕиас сакаат да го решат спорот со името, но разлики се уште има.

Еврокомесарот за проширување Јоханес  Хан вели дека е сигурен дека спорот за името меѓу Македонија и Грција ќе се реши за време на бугарското претседавање со унијата.

„Многу сум сигурен во тоа,, вели Хан одговорајќи на новинарско  прашање во Софија каде се одржуваше неформален состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ со министрите од Западен Балкан.

Високата претставничка на ЕУ  за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, рече дека  приоритет за време на бугарското претседателство е да се обезбеди заедничка иднина во ЕУ на  Западниот Балкан.

,,За време на бугарското претседателство имаме можност да работиме и да напредуваме низ целиот регион. Нешто што сакам да го истакнам  е дека стратегијата се однесува на целиот регион. Тоа не создава различни категории. И дури тој хоризонт, кој беше споменат од министерката Захариева – 2025 година е реална, можна перспектива. Ова не е цел. Не само за двете земји кои во моментов  преговараат, туку и за други земји кои можат да почнат да преговараат рече Могерини.

,,Она што е многу важно е дека  стратегијата  е многу сеопфатна, долгорочна. Во исто време таа е чесна стратегија, бидејќи не создава нереални очекувања и не прави никакви компромиси во однос на нашите барања и критериуми .Но она што е исто така важно, а беше нагласено од сите е дека земјите од Западен Балкан, не се двор на Европа, туку тие  се срцето на Европа и не е од интерес ниту за нив ниту за земјите – членки на ЕУ да има таканаречени сиви или црни дупки или земји кои се изолирани од процесот на европската интеграција, рече бугарската министерка за надворешни работи Захариева.

Брисел Димитров Имиња Коѕијас преговори предлози Хан
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 4, 2026Updated:May 4, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

ВЕСТИ May 4, 2026

Македонскиот револуционер Гоце Делчев е роден на 4ти февруари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог,…

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.