Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Преоден рок со втора „бомба“: Абдурахими во Шкендија на 18 месеци

0
By Нова ТВ on February 12, 2017 СПОРТ
Фото: kfshkendija.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, February 12, 2017 19:28

Шкендија осетно се засили за втората половина од фудбалската сезона, но и за целата наредна. Тетовци во фото-финиш на зимскиот преоден рок успеја да ги обезбедат услугите на Бесарт Абдурахими. Договорот со македонскиот репрезентативец е на 18 месеци и ќе биде голем плус за Томас Брдариќ во потерата по Вардар за шампионската титула во домашната сцена.

Абдурахими доаѓа во Шкендија како играч на Локерен иако во 2016 година на двапати беше испратен на позајмица, најпрво во Астана од Казахстан, каде е Агим Ибраими, а потоа и во јапонски Серезо Осака. Шест години (2008-2014) ги мина во хрватскиот прволигаш Загреб, а сезоната 2013/14 настапуваше како позајмен фудбалер во Хапоел од Тел Авив.

Бесарт Абдурахими е роден на 31 јули во 1990 година во Загреб, но потеклото на неговите родители е од Врапчиште. Албанските медиуми го споменуваа како опција во националниот тим на западниот сосед, можност што отпадна по прифаќање на поканата да заигра за Македонија. Ја прифати и дебитира во пријателските средби против Камерун и Катар во мај во 2014 година.

Оттогаш одигра вкупно 12 меча во „црвено-жолтиот“ дрес и постигна еден гол во победата (3:2) против Луксембург на домашен терен во квалификациите за ЕП 2016. Абдурахими беше дел од сите младински репрезентативни категории во Хрватска (У16, У17, У18, У19, У20, У21).

„Ми причинува големо задоволство што станав дел од Шкендија. Со нетрпение го чекам официјалното деби и се надевам дека ќе бидам од помош за остварување на клупските цели. Добар дел од фудбалерите ги познавам од настапите за репрезентацијата на Македонија како Цуцули, Положани, Хасани, Алими. Затоа не верувам дека ќе наидам на проблеми за адаптирање во екипата. Познато ми е дека Шкендија има армија верни навивачи кои верувам дека ќе успееме да ги израдуваме на крајот на сезоната“, рече Абдурахими при промоцијата во Тетово.

Шиков го привлече Работнички на пест месеци

Фото: fkrabotnicki.com

Ванче Шиков е вториот репрезентативец кој ќе настапува на македонскките тревници во пролетниот дел од сезоната. Стоперот на „црвено-жолтиот“ тим постигна договор со Работнички за шесте месеци што следуваат и тој, како и Абдурахими, ќе биде големо засилување за дебармаалци во намерата за нов излез на европската сцена. Ова особено се однесува на одбраната во тимот од Градски парк кој треба да добие на цврстина и стабилност.

„Ванче Шиков е долгогодишен македонски репрезентативец на Македонија. Неговите квалитети се неспорни. Задоволство ми е што успеавме да договориме соработка за наредните шест месеци“, истакна Драган Поповски, претседател на Работнички.

Шиков се враќа во домашното првенство по долги години настапи во странство. Статусот на интернацоналец го стекна во 2003 кога потпиша за Шкода Ксанти во Грција каде се задржа три сезони, а во континуитет го има од 2007/08. Во грчкиот шампионат играше и за Олимпијакос, Керкира и Аполон Каламаријас, потоа беше дел од кипарски Етникос Ахна, па Волин Лутск во Украина, Австрија Виена и Нефчи во Азербејџан.

Работнички е трет негов клуб во Македонија по Тиквеш и Победа. За Македонија дебитира во 2007 година и постигна четири гола во 52 натпревара досега.

„Во пролетниот дел на првенството ќе играм во дресот на Работнички. Мислам дека во моментот го одбрав најдоброто решение за мене. Имав понуди и од Казахстан, но не сакав повторно да ми се случи непријатната епизода од Азербејџан. За мене е најважно да играм стандардно и токму затоа го одбрав Работнички. Верувам дека заедно ќе успееме да ја оствариме зацртаната цел за излез во Европа“, изјави Шиков по пристигнување во Работнички.

 

Бесарт Абдурахими Ванче Шиков Преоден рок Работнички фудбал Шкендија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
shortcut
ФОКУС
June 27, 2026Updated:June 27, 2026

Ирска нов претседавач со ЕУ: Во програмата за работа следни за прием се Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија – Македонија ја нема

ВЕСТИ June 27, 2026

Ирска од 1-ви јули застанува на чело на ЕУ – во фокусот на проширувањето се…

Каракас: Расте бројот на жртви од земјотресите во Венецуела – досега се евидентирани над 1.000 но над 50.000 граѓани се водат за исчезнати

June 27, 2026

САД извршија нови напади врз Иран

June 26, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

June 25, 2026
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.