Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пресуда на суд во Њујорк: Десет години затвор за Александар Жуков, рускиот „крал на измамите“

0
By Sashko on November 11, 2021 СВЕТ
Фото: businessinsider.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Судија во Њујорк го осуди рускиот државјанин Александар Жуков на десет години затвор за предизвикување на една од најсофистицираните операции за дигитална измама во историјата на интернетот. Судијата на Окружниот суд во Бруклин, Ерик Комите, го осуди Жуков за кражба на повеќе од седум милиони долари од рекламни компании во САД.

Кражбата била извршена помеѓу септември во 2014 година и декември во 2016 година преку шема на измама во дигитално рекламирање, соопшти вчера американското обвинителство за источниот округ на Њујорк.

На четириесет и едногодишниот Жуков, кој себеси се нарекуваше „крал на измамите“, му беше наредено да плати повеќе од 3,8 милиони долари казни.

Тој беше екстрадиран во САД, откако беше уапсен во Бугарија во ноември во 2018 година, а пресудата беше изречена по судењето пред порота во мај во 2021 година за измама и за перење пари. Жуков се изјасни за невин.

Неговата шема користеше илјадници заразени компјутери ширум светот за лажно прикажување големи посети на лажни веб-страници и измама на огласувачите.

Седејќи пред својата компјутерска тастатура во Бугарија и Русија, Жуков храбро смисли и спроведе разработена мултимилионска измама против индустријата за дигитално рекламирање, а неговите жртви се илјадници компании ширум САД, рече окружниот обвинител Бреон Пис.

Според соопштението, Жуков „регрутирал компјутерски програмери и други вработени за да му помогнат да создаде шема и да ја изгради техничката инфраструктура потребна за создавање на лажен сообраќај за реклами“.

Александар Жуков Њујорк пресуда САД Свет Суд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.