Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пресврт на бојното поле: Украинските сили ги потиснаа Русите кај Харков

0
By НОВА ТВ Terziova on May 10, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
Фото: euronews.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, May 10, 2022 22:47

Украина објави дека нејзините сили ја вратиле контролата врз селата северно и североисточно од Харков и започнале контраофанзива што може да донесе пресврт и да ја загрози предноста на Русија.

Татјана Апаченко, одговорна за односи со медиумите во 92-та механизирана бригада, која е главната украинска воена формација во областа, потврди дека украинските војници успеале да ја вратат контролата врз Черкаски Тишки, Руски Тишки, Боршчов и Слобожанске северно од Харков.

Советникот на Министерството за одбрана, Јуриј Сакс, рече дека успесите ги турнале руските сили надвор од дометот на Харков, вториот по големина град во Украина на североисток, кој е под постојано бомбардирање од почетокот на руската агресија на 24 февруари.

„Воените операции на украинските вооружени сили околу Харков, особено северно и североисточно од Харков, се успешна приказна“, рече тој.

„Украинската армија успеа да ги турне овие воени злосторници надвор од линијата до која стигна нивната артилерија“, рече тој.

Контранападот кај Харков може да биде сигнал за нова фаза од војната во која Украинците тргнуваат во офанзива по неколку недели во кои руските војници нападнаа со артилерија, но не постигнаа голем напредок.

Со потиснување на руските сили, Украинците би можеле да ги нападнат линиите за снабдување на главните руски сили.

„Тие се обидуваат да ги прекинат линиите за снабдување на руските сили бидејќи тоа е навистина една од главните слабости на Русија“, рече Нил Мелвин од Истражувачкиот центар RUSI во Лондон.

„Украинците се приближуваат до руската граница. Така Русите сега се повеќе ја губат територијата што ја освоија во првите денови во североисточна Украина.

вести Свет Украина Харков
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.