Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Претседателски избори 2024 – Седумдневен серијал интервјуа на МИА со седумтемина претседателските кандидати – акценти во избор на НОВА

0
By Marija Todorovska on April 8, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 8, 2024 16:41

Арбен Таравари

Транспарентноста и инклузивноста на претседателот се неопходни ако сакаме да функционира државата и да има внатрешна кохезија и добро е за државата еднаш да има и претседател од друга етничка заедница иако, реално, се уште не се созреани условите луѓето да гласаат за личност, а не за партија, вели претседателскиот кандидат Арбен Таравари во интервујуто за државната информативна агенција и додава дека сите луѓе имаат добри страни и недостатоци.

– Мислам дека во Македонија е добро да се случи еднаш претседател на државата да биде од друга етничка заедница, иако реално мислам дека се уште не се созреани условите да гласаме за личност. Генерално, тука луѓето се многу партизирани иако на претседателски и локални избори повеќето граѓани гласаат за личноста, а не за партијата, Верувам дека има реални шанси да влезам во вториот круг од претседателските избори и се надевам на поддршка не само од албанскиот гласач, туку и од другите етнички заедници.
Таргетот е кај луѓето што не се определени и тие одлучуваат кој ќе победи.

Европската интеграција, според него, останува главната работа за државата во овој период, а улогата на претседателот е да тежнее тој процес да се заврши побрзо.

– Не би сакал да се случи 2008-ма година кога не успеавме да бидеме дел од НАТО, па чекавме 10 години.
Првата работа што треба да ја направи претседателот на државата е да добие гаранции од Брисел дека уставните измени се последниот услов и дека по нивното усвојување, влезот на земјата во Унијата ќе биде побрзо. Мислам дека како претседател на држава, прва посета што треба да се направи е Брисел. Таму да се да биде последниот услов и да знаеме дека ќе ги направиме уставните измени и после тоа да започнеме да се интегрираме што побрзо.

Таравари вели и дека штом се отвара Уставот можеби е добро да се размислува за нов устав затоа што Уставот е крпен, направени се многу промени и тој не одговара на реалноста и останува на ставот претседателот на државата да се бира во Собранието.

– За мене е многу важно да го одржам зборот, да донесеме промена, нова генерација на политичари и мислам дека на 24 април и на 8 мај ќе се случи промената после 22-23 години во албанскиот политички блок, додава Таравари.

Во интервјуто Таравари го оценува и политичкиот конкурент партијата ДУИ за која вели дека за доброто на ДУИ е еден период да оди во опозиција и додава дека една партија не е партија ако не отишла никогаш во опозиција.

За приклучувањето кон албанската опозиција, вели дека тоа е едиствениот начин за да се донесе промената во албанскиот политички блок и да се симне ДУИ од власт затоа што искуството од 2011 година наваму покажало дека гласачот Албанец гласа против ДУИ.

– Јас кажав дека ако одиме сами ќе земеме неколку пратенички места, а и албанската опозиција ќе земе неколку пратеници, но едно е сигурно, дека ДУИ ќе победи. Реков дека единствен начин за да се донесе промената е да се здружи Алијанса на Албанците со опозицијата бидејќи Албанците во Македонија од 2011-та година гласаат против ДУИ вели претседателскиот кандидат Арбен Таравари во интервјуто за Медиумската информативна агенција.

Арбен Таравари ДУИ избори интервју МИА НАТО Устав
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.