Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Превирања во ВМРО-ДПМНЕ по последните случувања со 27.април

0
By Нова ТВ on December 2, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лидерот Никола Груевски и локалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ  во Битола, немаат легитимитет да управуваат со партијата, изјавија на прес конференција сегашни и поранешни членови на партијата и побараа оставки.

Прес конфернецијата ја одржаа  на улица, пред партиското седиште и рекоа дека настапуваат во името на претседатели на месни кометитети, на голем дел од членството, Унијата на жени и Унијата на млади во Битола. Оставките ги бараат поради лошите резултати на ВМРО-ДПМНE на локалните избори, но и како што велат, лошите политики на Груевски.

„Бараме оставка на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на Битола, на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, оставка на претседателот Никола Груевски. Овој општински комитет, во два изборни циклуси , а посебно на локaлните избори 2017, направи најкатастрофални резултати од постоењето на ВМРО-ДПМНЕ . Никола Груевски, се скара со цела меѓународна заедница, односно со амбасадорите на најмоќните земји, како што се Германија и САД, а и откако се скара со сите албански партии, ВМРО-ДПМНЕ е целосно изолирана и во Македонија, а и од целата меѓународна заедница, со што поради неговите лични интерси, доведен е во прашање и опстанокот на партијата“, изјави Никиолче Талевски, член на ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, Борче Димитровски,  не сакаше да ги коментира барањата за оставки. Kусо изјави  дека секој може да одржи прес конференција на улица и да бара оставка, но, рече дека  тоа  не е легитимен начин.

Во меѓувреме пак, во Вевчани чeтворицата членови на општинскиот совет од редовите на ВМРО ДПМНЕ денеска поднесоа колективна оставка и најавија дека повеќе нема да учествуваат во работата на советот.

Како што пренесе „Охрид њуз“, тие се решиле на ваков чин во знак на протест против начинот на владеењето на СДСМ и приведувањето на нивниот сопартиец Крсто Мукоски кој заедно со уште петмина пратеници и триесет други лице се товари за тероризам и загрозување на уставниот поредок на земјата за инцидентите во макдонското Собрание што се случија на 27-ми април.

– Како претставници на советничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата за Подобра Македонија во Општина Вевчани, сакаме да ја известиме јавноста дека денес на ден 02.12.2017 година, во знак на револт и протест од начинот на владеење на оваа гарнитура предводена од СДСМ, како и последните политички хајки кои што ги спроведуваат врз невини граѓани, а се однесуваат на настаните од 27-ми, со што не враќаат назад 70 години, во времето на Информбирото. Во знак на солидарност со сите жртви на овој тоталитарен режим, денес како советници поднесуваме неотповикливи оставки и ги враќаме мандатите кои што ги добивме од граѓаните на Општина Вевчани, изјавил Јовица Лешоски, советник на ВМРО ДПМНЕ од Вевчани.

Битола Вевчани ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.