НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Прифатени барањата за апанажа на осум поранешни членови на комисии

0
By Marija Todorovska on December 5, 2024 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, ИНТЕРВЈУ, КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ, КОЛУМНА, НАСЛОВНА, РЕГИОН, РЕПУБЛИКА, СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска даде поддршка за барањата за апанажа на осум лица од поранешните состави на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен и на Државната комисија за одлучување во втор степен од областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка, на кои мандатите им беа прекинати откако двете комисии беа споени со законски измени на 17 септември годинава.

Одобрени се апанажи во времетраење од девет месеци за поранешната претседателка на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен Даница Чадиева и за членовите на Комисијата Шефки Јашари, Даниела Бочварска, Виктор Бубевски, Ивана Шапкар и Неждет Винца, како и за претседателката на Државната комисија за одлучување во втор степен од областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка Елизабета Русевска и членот на Комисијата Кирил Давков.

Комисијата за избори и именувања ги поддржа и барањата за отпреминина поради заминување во пензија на поранешните членови на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен Менсур Зенуни и Бошко Китановски. Ним им се одобрува двократен износ на отпремина согласно законските прописи.

На седницата на Комисијата беше поништена претходната одлука за избор на заменик директор на Агенцијата за заштита на лични податоци (АЗЛП) и ќе биде доставена нова предлог одлука за објавување јавен оглас, откако на претходниот еден од вкупно двајца кандидати не ја доставил потребата документација со што се нарушила конкурентноста на постапката. Мандатот на актуелниот директор на АЗЛП истекува на 25 декември и Комисијата за прашања на изборите и именувањата до Собранието ќе достави предлог одлука за објавување оглас за избор на нов директор.

апанажа комисии членови
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.