Дебаклот од ПСЖ во Лигата на шампиони се чини дека остави трага врз фудбалерите на Барселона. Каталонците со многу проблеми го совладаа Леганес со 2:1 во натпревар од шпанска Примера и тоа со гол од пенал во 89 минута.
Сигурен реализатор на најстрогата казна беше Лионел Меси кој го постигна и првиот гол за тимот на Луис Енрике во четвртата минута по асистенција на Суарез. Меѓу двете реализации на Аргентинецот израмни Лопез во 71 минута. Гостите, сепак, имаа прилика да заминат непоразени од „Камп Ноу“, но ударот на Ел Жар во самиот финиш профуче крај рамки на голот на Тер Штеген.
Барселона со овие три бода се доближи на само еден од лидерот Реал Мадрид кој има и два меча помалку.
Примера, 23.коло
Резултати
Барселона – Леганес 2:1
Селта – Осасуна 3:0
Валенсија – Атлетик Билбао 2:0
Реал Сосиедад – Вилјареал 0:1
Севилја – Еибар 2:0
Депортиво ла Коруња – Алавес 0:1
Реал Мадрид – Еспањол 2:0
Спотинг Хихон – Атлетико Мадрид 1:4
Гранада – Бетис 4:1
Малага – Лас Палмас (понеделник, 20.45 ч.)
Табела: Реал Мадрид 52 (-2), Барселона 51, Севилја 49, Атлетико Мадрид 45, Реал Сосиедад 41, Вилјареал 39, Еибар 35, Атлетик Билбао 35, Селта 33 (-1), Еспањол 32, Алавес 30, Лас Палмас 28 (-1), Бетис 24 (-1), Малага 23 (-1), Валенсија 23 (-1), Депортиво ла Коруња 19 (-1), Леганес 18, Спортинг Хихон 16, Гранада 16, Осасуна 10.