Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Примера: Врвот за Реал М., „шестка“ за Алавес од Барса

0
By Нова ТВ on February 12, 2017 СПОРТ
Фото: goal.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Реал Мадрид ја совлада Осасуна со 3:1 и се врати на врвот на табелата во шпанската Примера. Стрелци за „кралевите“ во Памплона беа Кристијано Роналдо во 24 минута (асистент Бензема), Иско погоди во 62 минута, печат на победата стави Лукас во судиското екстра време по додавање на Марсело. Леон во 33-та го постигна единствениот за поразената екипа. Мадриѓани се лидери во шампионатот со 49 бода, но и два меча помалку од Барселона на второто место.

Каталонците, пак, без убедливи на гостувањето во Виторија каде го декласираа Алавес со 6:0. По двата гола во првиот дел (Суарез во 37 минута и Нејмар во 40 минута) постигнаа уште четири во продолжение на средбата во период од само осум минути за убедлив триумф. По еднаш во листата на стрелци се впишаа Меси (59 минута), Ракитиќ (65 минута), Суарез (67 минута), а во меѓувреме Алексис (63 минута) постигна автогол.

На натпреварот му претходеше инцидент во кој учествуваа навивачи на двата клуба. Алавес и Барселона ги осудија немилите сцени што се случија во универзитетскиот дел на градот и најавија соработка со полицијата за пронаоѓање на учесниците. Според шпанските медиуми, постојат видео снимки на кои се гледа како симпатизери на домашниот тим со палки напаѓаат гостински фанови.

Во останатите два саботни меча, Атлетик во Билбао славеше против Депортиво ла Коруња со 2:1, Бетис и Валенсија одиграа без голови.

Примера, 22 коло

Резултати

Осасуна – Реал Мадрид 1:3

Атлетик Билбао – Депортиво ла Коруња 2:1

Алавес – Барселона 0:6

Бетис – Валенсија 0:0

Недела

Вилјареал – Малага (12 ч.)

Легањес – Спортинг Хихон (16.15 ч.)

Лас Палмас – Севилја (18.30 ч.)

Атлетико Мадрид – Селта (20.45 ч.)

Табела: Реал Мадрид 49 (-2), Барселона 48, Севилја 43 (-1), Реал Сосиедад 41, Атлетико Мадрид 39 (-1), Вилјареал 35 (-1), итн.

Барселона Примера Реал Мадрид фудбал Шпанија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.