Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Притисоците на Груевски и Милошоски објавени на Викиликс

0
By Нова ТВ on September 21, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, September 21, 2016 14:14

Викиликс вчера и денес објави два документи кои откриваат нови детали од 2007 и 2008 година за време на договорот за коалицијата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и насилството на изборите во 2008 година.

Предизборниот договор меѓу Никола Груевски и Али Ахмети во 2008-ма година е познат како „Мајски договор”. Тогашниот премиер Груевски долго време избегнуваше да го земе ДУИ како партнер во коалицијата и покрај изборната победа на партијата на Али Ахмети во 2006 година и беше во коалиција со ДПА.

Според документите објавени на Викиликс, Груевски побарал од Ахмети да му помогне да остане премиер а за возврат ќе предложи закон со кој борците на ОНА би добивале социјални пакети, како и закон за употреба на албанскиот како официјален јазик. Но Груевски барал овој договор да не биде јавно објавен.

Документот што го објавува Викиликс е допис на тогашниот амбасадор на САД во Македонија кој пишува:

„Амбасадорот на САД го потсети Груевски на двете отворени прашања од Договорот од 29. мај помеѓу владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозициската ДУИ – социјални пакети за жртвите од војната во 2001, и завршување на нацрт-законот за јазикот. Груевски одговори дека неговата Влада е подготвена да даде пари и работни места на лицата кои ДУИ веќе ги предложил. Предупредувајќи на триумфализмот на ДИУ, особено во контекст на контра-притисокот на новоформираната организација на македонски воени ветерани од 2001 и коалицискиот партнер ДПА, тој посочи дека македонската Влада јавно ќе негира било каква улога во таков договор. Груевски беше песимист во поглед на Законот за јазикот, и повтори дека не ветил дека ќе го заврши нацрт-законот во рамки на Договорот од 29. мај. Тој изрази незадоволство од одбивањето на опозициската СДСМ да учествува во процесот, велејќи дека ако СДСМ учествуваше, во Собранието веќе ќе постоеше прифатлив нацрт-закон“.

Денешната објава на Викиликс се однесува на притисокот кој тогашниот министер за надворешни работи Антонио Милошоски го вршел врз ОДИХР (телото на ОБСЕ кое ги надгледува изборите) преку американската амбасадорка во Скопје Џилијан Миловановиќ.

Милошоски барал од Миловановиќ да влијае врз извештајот на ОДИХР во однос на изборите и сугерирал извештајот да го прифати позитивниот став на неговата партија.

Во документот пишува:

“По предвремените парламентарни избори на 1 јуни, проследени со насилство и измами, Антонио Милошоски (во тој период министер за надворешни работи н.з.) се обратил до Амбасадорката на САД во Македонија, Џилијан Миловановиќ, со барање да влијае на извештајот на ОДИХР во однос на изборите кој требало да биде објавен подоцна во текот на истиот ден.

Конкретно, побарал од амбасадорката да влијае извештајот да го прифати позитивниот став на неговата партија според кој проблеми имало во само 1-2% од избирачките места кои се наоѓаат во еден дел од земјата и дека изборите биле главно слободни и фер.

Милошоски сугерирал дека истакнување на проблеми (измама, закани и насилство) во Северозападна Македонија ќе разгори меѓуетничките конфликти, тврдејќи дека позитивниот тон е најдобар за внатрешната стабилност.

Додал и дека со истото барање морал да се обрати до шефот на набљудувачката мисија на ОДИХР, амбасадорот Роберт Бери.

Непријатно изненадена од отворената молба, амбасадорката го информирала дека нема влијание врз независните извештаи на ОДИХР, и дека дури и кога би можела, не би упатила такви барања. Додала и дека нејзините лични забелешки, како и оние на 26-те тимови за мониторинг на Амбасадата забележале сериозни проблеми во многу повеќе од 1 до 2% од избирачките места.

Непријатно изненадена од отворената молба, амбасадорката го информирала дека нема влијание врз независните извештаи на ОДИХР, и дека дури и кога би можела, не би упатила такви барања.

Ова е прв пат Владата на Република Македонија да прави обид да влијае на извештајот на ОДИХР, коментира амбасадорката.

Амбасадорката понатаму го советувала Министерот за надворешни работи да не сугерира дека нерегуларностите  главно во етнички албанските области, не ја одразуваат сликата за Македонија како целина. Додала дека Македонија е една земја, а Владата,преку бегање од одговорноста за спроведување на законите и гаранцијата на еднакви права на целата територија, придонесува за идејата за сепаратизам.

Таа му рекла на министерот дека за изборите да не пропаднат потребно е прегласување не само во околу 60 избирачките места затворени поради насилство или други сериозни нерегуларности, но и во сите останати избирачки места за кои постојат веродостојни извештаи за нерегуларности.

Специјалниот претставник на ЕУ подоцна нé информираше дека на 2 јуни дека Милошоски му се обратил со истото барање и дека тој бил подеднакво јасен во одбивањето да влијае на извештајот на ОДИХР”, објавува Викиликс допис на амбасадата на САД.

Во истиот документ стои и коментар на Миловановиќ која вели дека барањето на Милошоски, и покрај победата, укажува на тоа дека ВМРО-ДПМНЕ е загрижена дека нивниот мандат може да биде ослабен како резултат на критики во однос на спроведување на изборите. Ова е прв пат Владата на Република Македонија да прави обид да влијае на извештајот на ОДИХР, коментира амбасадорката.

 

Ахмети Викиликс Груевски ЕУ Мајски договор Милошоски САД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

ВЕСТИ May 8, 2026

Институтот за проучување на војната (ISW) објави мапа и анализа на синоќешните американски воздушни напади…

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

May 5, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.