Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Притвор од 30 дена за четворица осомничени за нападот на Зијадин Села

0
By Нова ТВ on October 18, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

30 дневен притвор определил јавен обвинител од ОЈО за четворица лицата кои вчера беа приведени за насилството во Собрание и за нападот на пратеникот Зијадин Села, соопштија од Јавното обвинителство.

Овие лица се под истрага за делото „Убиство во обид сторено во соизвршителство“.

За петтото лице за кое обвинителството исто така предложи определување на мерка притвор, но поради влошена здравствена состојба судот дополнително ќе одлучи.

Постапката што се води против овие лица се однесува на настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април и нападот врз Зијадин Села.​​

Андреј Мицов (22), Никола Војминовски (39), Александар Јаневски – Тошта (57), Коста Делов (26) и Стојан Павлески – Кобра (51) се уапсените по наредба на Основното јавното обвинителство – Скопје за крвничкиот напад на Зијадин Села, дознава НОВА ТВ од извори од истрагата. Засега пртивор не е определен само за Александар Јаневски – Тошта кому вчера за време на распитот во полициската станица му се слошило и бил пренесен на кардиологија.

Јаневски – Тошта по крвавиот четврток изјави дека тој не го нападнал пратеникот Зијадин Села, туку дека помогнал да го извадат од толпата. Тошта на денот на локалните избори завчера, кога се чекаа резултатите беше во штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Тој е претседател на општинскиот огранок од Кисела Вода на здружението „Гардист 2001“ и претседател на Кинолошкото друштво Скопје.

Коста Делов самиот призна дека учествувал во тепањето на Села и заедно со Никола Војминовски уште во мај беа повикани на разговор за настаните што се случија на 27 април во Собранието, но беа ослободени.

„Чувството кога брутално си го тепал Зијадин Села со клоци по глава, бесценето“, напиша Коста Делов на својот Фејсбук профил по настаните во Собранието.

Најмладиот, Андреј Мицов, исто така на Фејсбук објавуваше слики со качулка во Собранието на 27 април.

За обидот за убиство на Села, пред неколку месеци беа уапсени и обвинети Кире Ѓоргиевски и неговиот татко и тие се наоѓаат во истражниот затвор Шутка.

Во текот на вчерашниот ден Јавното обвинителство објави фотографии од тројца учесници во насилството и побара помош за нивно пронаоѓање. Доцна вечерта, сите три лица беа приведени.

Зијадин Села насилници ОЈО осомничени приведени притвор уаспени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.