Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Продолжува прогонот на турските новинари, 14 осудени на казни затвор

0
By Нова ТВ on April 26, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Турскиот суд вчера осуди 14 новинари вработени во весникот „Џумхуриет“ на затворски казни под обвинение за тероризам, додека тројца се ослободени.

– Новинарите се осудени од 2,5 до 7,5 години затвор. Уште едно лице, кое не беше вработено во „Џумхуриет“, обвинето е за активности на Твитер и е осудено на 10 години затвор, истакна адвокатот Озден Оздемир.

Новинарите од „Џумхуриет“ се обвинети за поддршка на мрежата на Фетулах Ѓулен, муслимански свештеник, кој за Анкара е инспиратор на неуспешниот обид за воен удар во Турција во 2016 година.

Осудените ги негираат обвинувањата.

– Ова не е пресуда по законот. Ова е политички случај, посочи Оздемир.

Турскиот суд во јули лани одлучи условно да ослободи седум новинари на весникот Џумхуриет, но ги задржа во притвор главните новинари за судскиот процес.

Но во притвор останаа четворица новинари: колумнистот Кадри Гирсел, истражувачкиот новинар Ахмет Сика, главниот и одговорен уредник Мурат Сабунчуа и сопственикот на Џумхуриет Акин Аталај.

Групата од 17 новинари и соработници на весникот е обвинета за помагање на терористички организации.

Судот во Истанбул во февруари годинава осуди шест новинари на доживотни казни затвор обвинети за вмешаност во обидот за државен удар во 2016 година.

Меѓу осудените денеска се поранешниот уредник на весникот „Тараф“ Ахмет Алтан, неговиот брат, новинарот и академик Мехмет Алтан и истакнатиот новинар Назли Иличак.

Меѓународната заедница смета дека Турција ја загрозува слободата на медиумите.

 

2016 затвор новинари пуш Турција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.