Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕК предлага пакет од три милијарди евра за десет земји, за Македонија 160 милиони евра

0
By Нова ТВ on April 22, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европската Комисија (ЕК) предлага да се обезбедат три милијарди евра за поддршка на десет земји од нејзиното непосредно соседство, вклучително и Северна Македонија. Од таму сметаат дека ваквиот пакет е потребен за да се ограничат негативните економски и социјални последици од здравствената криза со коронавирусот.

За Северна Македонија, ЕК предлага да се издвојат 160 милиони евра, за Албанија – 180 милиони, за БиХ – 250 милиони евра, за Косово 100 милиони евра и за Црна Гора – 60 милиони евра. Надвор од земјите од Западниот Балкан, европската извршна власт смета дека ќе бидат потребни 150 милиони евра на Грузија, 200 милиони евра на Јордан, 100 милиони евра за Молдавија, 600 милиони евра за Тунис и 1,2 милијарди евра за Украина.

Ова е дел од новата стратегија позната како „Тим Европа“ на Европската Унија, чија цел е да се помогне на земјите партнери.

„Европската солидарност не застанува во границите на Унијата. Затоа што во оваа глобална криза стоиме или паѓаме заедно. Денеска Европската Комисија презема одлучен чекор да им помогне на десет од нашите соседни земји во нивната борба против коронавирусот. Ги повикувам Европскиот Парламент и Советот брзо да се усогласат околу овој важен пакет“, изјави еврокомесарот за економија, Паоло Џентилони.

Фондовите би биле на располагање дванаесет месеци во форма на заеми „со многу добри услови“ за да се помогне на земјите за поткрепа на итните финансиски потреби, за стабилизирање на макроекономската состојба и за ублажување на негативните социоекономски последици од здравствената криза, вели ЕК.

Предлогот сега треба да биде прифатен од страна на Европскиот Парламент и Советот на ЕУ, како две ко-одлучувачки тела на ЕУ. Комисијата бара од двете институции итно да дадат зелено светло.

Првата транша би се ослободила штом биде усвоен предлогот, а втората транша од септември или на почетокот на 2021 година, „доколку политичките мерки поврзани за неа се имплементирани навремено“, смета Комисијата.

Европска комисија ЕУ Западен Балкан Македонија предлог финансиска помош
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.