Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Промени во Серија А: И Италијанците воведуваат боксинг деј

0
By Нова ТВ on March 6, 2018 СПОРТ
Фото: mondiali.it
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Италијанците тргнуваат по стапки на Англичаните за дел од фудбалската сезона. И тие од сезоната 2018/19 ќе применат нешто што со години е традиција на Островот. На Апенините се воведува т.н. „Боксинг Деј“, но и многу други радикални новитети во Серија А што ги најави Џовани Малаго, претседател на олимпискиот комитет на Италија.

„Наредната сезона во Серија А ќе почне на 19 август, италијанскиот Суперкуп е планиран за 12 август. Местото на одигрување ќе биде дополнително одредено. Во текот на првенството ќе има две кола среде работна недела, првото на 26 септември, второто на 3 април. Одобривме и формула за „Боксинг Деј“ со натпревари на 22 и на 26 декември по што ќе следува пауза до 20 јануари“, истакна Малаго.

Сезоната како што најави Малаго ќе почне на 19 август и ќе трае до 26 мај во 2019 година. Не е предвидена класична зимска пауза, а преодниот рок ќе заврши на 18 август на ден до почеток на шампионатот.

„На 13 јануари се планирани мечеви во Купот на Италија, натпреварување чиј формат, исто така, ќе претрпи промени. Клубовите со подобар коефициент повеќе нема да мора да бидат домаќини туку и тоа ќе се одредува со ждрепка. Измени направивме и кај трансферите. Летниот преоден рок ќе заврши на 18 август, зимскиот на 19 јануари“, заклучи првиот човек на италијанскиот олимписки комитет.

Серија А, според форматот, во многу нешта во иднина ќе потсетува на Премиерлигата, а со ваквите најави се чини дека на челниците на италијанскиот фудбалски сојуз им се допаѓа моделот на натпревари од англиската фудбалска елита.

Боксинг Деј Италија Премиерлига промени Серија А фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.