Авионот со 35 руски дипломати кои администрацијата на Обама ги протера од САД, слета на московскиот аеродром, јави агенцијата Тас.

Откако ја објави одлуката дека руските оперативци се протертуваат поради сајбер-напади за време на претседателските избори во САД, актуелниот претседател Барак Обама им даде 72 часа да ја напуштат Америка.

По ова, иако рускиот шеф на дипломатијата, Сергеј Лавров побара протерување на 35 американски дипломати како контрамерка, рускиот претседател Владимир Путин одби да го спроведе барањето, со образложение дека тој сакал стабилност меѓу двете земји.