Нигериските власти запленија, речиси, пола милион таблети амфетамин сокриени во машини кои пристигнале во пристаништето во Лагос, изјави денеска претседателот на Националната агенција за спроведување на законот за наркотици, Мохамед Марва.

Тој пред новинарите истакна дека во септември, во пристаништето Апапа, се запленети 451.807 таблети.

Се претпоставува дека пристигнале од Либан, нагласи Марва.

Според него, уапсено е едно од лицата кои учествувале во увозот, кое соработува за пронаоѓање на сите кои се вмешани. Проценето е дека вредноста на таблетите изнесува 11 милиони долари.