НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Прв пратенички состав: Партиите да се обединат против Груевски

0
By Нова ТВ on April 4, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Првиот пратенички состав на Собранието на Македонија во отворена реакција за јавноста, велат идеите на кои тие работеле при првото Собрание, воопшто не биле за градење на сегашната авторитарна држава.

Првите пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ строго го критикуваат лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, и порачуваат дека никако не смее да се следи режимски систем на управување.

Во продолжение целиот текст на првите пратеници под името „За државата за општо добро“:

Почитувани граѓани,

Ние кои имавме историска среќа да учествуваме во поставувањето на темелите на државата, сега, по четвртина век, сме несреќни сведоци на нејзиното уривање. Оваа држава не е државата чии уставни рамки ние ги договоривме. На бранот на европската југоисточна пролет, ние договоривме плурализам и парламентаризам. Договоривме Ре(с)публика – општо добро. Држава – дом на сите граѓани, интегрирана во европската и евроатлантската заедница.

Сега имаме авторитарна држава, отпадена од граѓаните и од меѓународната заедница. Држава цивилизациски свртена надолу и наназад. Имаме на дело реставрација на режимот, на партијата-држава, што, од гледна точка на Уставот, претставува државен удар. Имаме власт на „подели па владеј“ по сите основи, во дослух повеќе со некогашната волја на Милошевич и Мицотакис, отколку со заедничкото/општото добро на граѓаните. Имаме власт фатена на дело како се дави во криминал, вклучително, во изборен криминал. Власт која самата си го оспори легитимитетот и си го укина мандатот. Граѓанските демонстрации и меѓународната заедница тој факт го потврдија.

Предвремените избори се наложија како средство да се деблокира државата и да се воспостави уставното уредување, парламентаризмот, владеењето на правото, изворните функции на институциите и нивната независност. Да му се врати државата како општо добро на целото шаренолико граѓанство, кое има право да се грижи за неа и да ја ужива нејзината грижа.

Таа цел на изборите претпоставува императив да се тргнат од политичката сцена актерите на блокадата на државата, кои Специјалното јавно обвинителство ги обвинува како злосторничко здружение. Бегајќи од огромната политичка и правна одговорност, тие, правнички кажано, го повторуваат делото. Го присилуваат правосудството, Собранието,  Претседателот на државата, граѓаните и медиумите да застанат на страната на злосторничкото здружение. Да бидат дел од него. Да ја продолжат блокадата на државата и на општеството.

Револтот  што го предизвика уделот на Уставниот суд во оваа деструкција на државата, граѓанските протести пред тој суд, на кои се бара оставка на судиите партиски емисари,и контра-протестите, се најава  на она што не` чека, ако пучистите и мафијаши останат на политичката сцена и после изборите.

Да направиме се` што е дозволено со Уставот и законите, тоа да не се случи!

Апелираме до членовите на партиите од власта да не се солидаризираат со престапничките раководства. Подобро изгубена власт, отколку изгубена чест и држава!

Апелираме до функционерите и до сите вработени во државните институции, медиумите и насекаде, на партискиот диктат да му го противстават диктатот на совеста и на професијата. Апелираме посебно до судиите да судат според законот.

Се обраќаме до сите граѓани на Македонија, со респект кон нивниот идентитет и различност, за општа граѓанска будност! Поединец кој е затворен за  општото добро, останува нем сведок, пасивен соучесник и жртва на престапничката власт.

Да не подлегнуваме на ниски провокации  по каква било основа (идеолошка, етничка, верска), по кои бескрупулозно посегнува  власта. Тие провокации се сами по себе злосторство, со кое се крие најголемото злосторство – ќорсокакот во кој сме доведени со дерогирањето на Уставот и со исклучувањето на мнозинството граѓани од создавањето и користењето на сите добра, неопходни за достоен индивидуален и заеднички  живот.

Претстојните избори не можат да бидат избори на политички опции, туку нивна претходница, која засекогаш треба да ја испрати во историјата забеганата власт на Груевски.

Груевски  – или Македонија: тоа ќе биде изборот на следните парламентарни избори!

Кога и да бидат. Зашто Груевски, наместо да го исполнува договореното и потпишаното, си ја пее старата песна за странски служби, за домашни и надворешни непријатели и мечтае за нов мандат на клоците!

Ние потписниците на ова обраќање се служевме со зборови. Разговаравме, неуморно разговаравме и се договаравме. Ги повикуваме партиите и пратениците да се вратат на тоа орудие, да се отворат за културата на дијалогот, врз која се темели парламентарната демократија и цивилното општество.

Апелираме до сите политички партии, големи и мали: Обединете се! На овие избори не треба да се борите за власт. Борете се за Македонија, за слободна, пристојна и чесна Македонија. Да си ја ослободиме заедно Татковината па потоа ќе се натпреваруваме меѓу себе!

Со почит,

Никола Апостолоски-ВМРО-ДПМНЕ

Јордан Бошков    -ВМРО-ДПМНЕ

Драги Гроздановски   -ВМРО-ДПМНЕ

Ратка Димитрова    -ВМРО-ДПМНЕ

Димитар Димитровски    -Сојуз на Реформски Сили на РМ

Горан Зафировски    -ВМРО-ДПМНЕ

Цветан Јовчевски     -ВМРО-ДПМНЕ

Ташко К.Костенов     -ВМРО-ДПМНЕ

Биљана Лазаревска   -ВМРО-ДПМНЕ

Ѓулистана Марковска    -ВМРО-ДПМНЕ

Славе Наумовски   Сојуз на Реформски Сили на РМ

Благоја Чкатровски       -ВМРО-ДПМНЕ

власт ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски пратеници режим Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.