Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Прва фудбалска лига: Работнички врза и петти меч без победа

0
By Нова ТВ on April 4, 2019 СПОРТ
Фото: fkrabotnicki.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Работнички останува на еден триумф, и тоа против фенерџијата Победа (0:1), и по осмата пролетна рунда во македонската фудбалска Прва лига. Излез од резултатската криза не донесе ниту тренерската смена (Жикица Тасевски поднесе оставка, Баже Лазаревски го наследи) и по ремито (1:1) против Македонија Ѓ.П., дебармаалци ремизираа и со Беласица (1:1) во 26. коло што е нивни петти меч без победа по зимската пауза во шампионатот.

Работнички одигра 1:1 на арената „Филип Втори“ и со екипите на Ренова и на Силекс, на домашен терен загуби од Академија Пандев (1:2) и од Вардар (0:2), а Шкендија триумфира над тимот од Градски парк, во Тетово, со 1:0.

Победник немаше ниту во Охрид каде Победа беше домаќин на Вардар. Но, немаше ниту голови, па киксот на вицешампиот го искористи Шкендија да додаде два бода плус на врвот на табелата по минималниот триумф (1:0) на гостувањето кај Академија Пандев. По гол на двете страни видоа и гледачите во Кратово. Силекс и Македонија Ѓ.П. одиграа 1:1, а три бода на домашен терен освои Ренова во дуелот со Шкупи (1:0).

Прва лига, 26 коло

Работнички – Беласица 1:1

Победа – Вардар 0:0

Академија Пандев – Шкендија 0:1

Силекс – Македонија Ѓ.П. 1:1

Ренова – Шкупи 1:0

Табела: Шкендија 59, Вардар 49, Академија Пандев 45 (-1), Ренова 36, Шкупи 33, Работнички 33, Македонија Ѓ.П. 31, Силекс 25, Беласица 23, Победа 19 (-1).

Идно коло (7 април): Шкендија – Ренова, Вардар – Академија Пандев, Шкупи – Работнички, Македонија Ѓ.П. – Победа, Беласица – Силекс.

Вардар Прва лига Работнички фудбал Шкендија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.