Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Прва трансфер бомба за оваа зима: Дракслер во ПСЖ за 36 милиони евра

0
By Нова ТВ on December 22, 2016 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 22, 2016 19:27

Јулијан Дракслер ја има главната улога во првата трансфер бомба на зимскиот преоден рок. Иако фудбалскиот пазар ќе биде отворен по само неколку дена, сепак, германскиот репрезентативец од Волфсбург ја продолжува кариерата во ПСЖ за сума од 36 милиони евра.

Веста за успешно завршената зделка меѓу францускиот клуб и бундеслигашот ја објавија угледните „Лекип“ и „Билд“ по што потврди почнаа да стигнуваат од сите страни. Медиумите пишуваат дека фудбалерот се нашол во немилост во Волфсбург по изминатите месец дена по конфликтот со поранешниот тренер Дитер Хекинг и со директорот Клаус Алофс. Инсистираше да биде продаден за што беше и отстранет од првата екипа, но, сепак, на крајот заврши како што посакуваше.

Волфсбург е на позитивна нула со Јулијан Дракслер кој беше најскап играч во историјата на клубот. Меѓу „волците“ беше ангажиран како замена за Кевин де Брујн, но остана далеку од ефект на белгискиот репрезентативец. Клубот, пред година ипол, плати 36 милиони евра на Шалке за неговиот потпис и сега успеа да ја извлече истата сума од ПСЖ што како обесштетување ја издвои на тимот од Гелзенкирхен.

Дракслер потпиша четиригодишен договор со ПСЖ според кој ќе заработува девет милиони евра по сезона или двојно повеќе од годишната плата што ја имаше во Волфсбург. Голем удел во трансфер на Германецот имаше Патрик Клајверт, директор на францускиот гигант.

Волфсбург Јулијан Дракслер ПСЖ трансфер фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.