Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пучдемонт: Во Брисел не дојдов по азил, сакам Европа да нé чуе

3
By Светлана Јовановска on October 31, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, October 31, 2017 15:48

“Не дојдов да барам политички азил туку слобода и безбедност”, изјави разрешениот каталонски претседател Карлес Пучдемонт во Брисел, пред преполната сала на прес клубот “Европа” која досега нема видено ваква толпа новинари за еден политички настан.

Прес конференцијата на Пучдемонт во Брисел собра околу 200 новинари иако во салата има место одвај за 50 луѓе. Пред вратата на Прес клубот камерманите го чекаа Пучдемонт и неговите министри со кои тој вчера пристигна во Брисел а околу нив од една страна се вееја каталонски а од другата шпански знамиња.

Бриселската полиција направи кордон помеѓу двете страни за да не дојде до насилство. Каталонската борба за независност, што Шпанците на нивните медиуми ја нарекоа “каталонски предизвик”, ги разбуди политичките страсти на овие европски “јужњаци”.

“Сакате ли шпанско знаме?”, им велеше на присутните на улицата шпански “унионист”. Новинарите со насмевка му одговараа дека не поддржуваат било која од двете страни. За прв пат во Брисел новинарите беа соочени со две завадени страни од иста земја и тоа земја членка на ЕУ.

Влезот на Пучдемонт во прес салата предизвика вистинска турканица што телохранителите одвај успеаа да ја смират. Помеѓу новинарите имаше и Балканци. Еден од нив рече дека ја поддржува независноста на Каталонија ако на изборите се докаже дека борците за независност се мнозинство. Демократијата мора да биде праведна, вели тој.

Ќе има ли Каталонија Влада во егзил?

Оние што очекуваа дека Пучдемонт ќе најави дека ќе бара политички азил во Белгија заминаа разочарани. Каталонецот нема да бара азил но не можеше да презицира колку време ќе остане во Брисел, европската престолнина. Цел на неговото доаѓање во Брисел е подобро да се чуе неговата порака, испратена од седиштето на ЕУ.

Над 200 новинари го слушаа говорот на Пучдемонт во Брисел

Претходно, не му беше дозволено да зборува во централниот прес центар што е менаџиран од белгиската влада. Доаѓањето на Пучдемонт внесе раздор во белгиската влада. По изјавата на Тео Франкен, федерален министер од сепаратистичката фламанска партија НВА, дека е можно Пучдемонт да побара азил во Белгија, франкофонските партии бараа реакција од премиерот Шарл Мишел и оградување од оваа изјава која, велат тие, би можела да го влоши односите со Шпанија. Кој остана на изјавата дека е потребен дијалог помеѓу Мадрид и Барселона.

Пучдемонт ја почна конференцијата на три јазици – каталонски, шпански и француски и подвлече дека може и на англиски да одговара на прашањата. Но и од сите овие јазици остана нејасно дали со ова доаѓање Каталонија ќе има Влада во егзил во Белгија.

“Многумина во мојата земја Каталонија ги очекуваат моите зборови”, започна тој правдајќи ја на извесен начин употребата на каталонскиот јазик што малкумина во Брисел го разбираат.

Успорена независност за да се избегне насилство

Според него, шпанската Влада подготвува офанзива против каталонскиот народ а тој и неговите министри нема да се откажат од борбата. Напротив.

Пучдемонт потсети на насилството на шпанската полиција на 1 октомври, денот на контроверзниот референдум. И на тоа дека Мадрид не сака да чуе за политички дијалог:

“Ние се залагаме за мир и демократија и сакаме да избегнеме било какво насилство”, рече Пучдемонт и додаде дека каталонската независност е успорена за да се избегне насилство.

Според него, каталонската Влада ќе биде поинаква, претпазлива, воздржана, пацифистичка:

“Ние нема да се однесуваме кака страната што ја критикуваме”, вели тој и додаде дека шпанската Влада е агресивна кон каталонското демократски избрано раководство.

Тој објасни дека по примената на членот 155 од шпанскиот Устав со кој Мадрид презеде контрола врз каталонските институции, тој и неговите министри немаат повеќе никаква заштита. Шпанија бара 30 години затвор за нив, исто како и за терористи или убијци. Тоа, за Пучдемонт, е неприфатливо.

“Еден дел од Владата дојде во Брисел за да го изрази своето право на самоопределување. Владата продолжува да работи. Ние политички се спротивставуваме на неправдата што ја предлага шпанската Влада. И испраќаме порака до нив за решавање на проблемите мирно и без ставање на луѓето зад решетки”, рече Пучдемонт.

Тој беше посебно критичен за “политизираната шпанска правда и отсуството на објективност”.

“Ние ќе ги почитуваме резултатите од изборите на 21 декември”, рече тој и и се обрати на шпанската Влада прашувајќи ја каков е нејзиниот став по ова прашање: “Барам јасен одговор од државата!”. За него, ова е демократски предизвик што Каталонија ќе го добие на теренот на демократијата.

“Мадрид одлучи да употреби сила а ние велиме дека нема да попуштиме. Пацифистичките вредност се основите на нашата победа”, заврши тој.

Пучдемонт и се обрати и на ЕУ и побара од неа да реагира и да го слушне она што се случува во Каталонија.

Брисел ЕУ Карлес Пучдемонт Каталонија прес конференција Шпанија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.