Published: Thursday, October 21, 2021 21:38
Повлекувањето на Русија од Советот на Европа или од ОБСЕ може да доведе до домино ефект и прекин на учеството и на други земји во овие организации, оцени денеска рускиот претседател Владимир Путин на пленарната седница на Меѓународниот дебатен клуб „Валдај“.
„Ако Русија се повлече од Советот на Европа или ОБСЕ, ве уверувам дека ќе видиме што ќе се случи со тие организации во однос на учеството и на други земји, истакна Путин.




